Пишете ги огласите за мт-07 и мт-09 кога ке се одлучите да ги продавате
Да го исчистам и ќе ојт прописно по огласници, па и овде на оглас. Во меѓувреме, на кратко:
Yamaha MT09, 2021 година, поминати 48,ххх километри во механички беспрекорна состојба. Нови гуми (Dunlop SportSmart TT) во јуни месец, во јули направен редовен сервис (Motul 7100 + HiFlo филтер), во јуни сменети плочки напред заедно со гумите, во јули сменет глицерин напред/назад (Brembo), во средата сменет акумулатор (Yuasa YTZ10S, ист ко фабричкиот), денес сменет антифриз (Motul Motocool). Регистриран со зелен картон до јуни 2026та.
Од надградби, Akrapovic Carbon Line од грана, frame sliders наместени по пропис (осетлива е рамката ако се лошо наместени), помали жмигавци, tail tidy и визирче напред. Рачките се исто сменети со Domino рачки, ама се истрошени и за менување.
Козметички е 9.9/10. Имат некоја ситна гребаница овде онде, шо би рекол е и очекувано со оглед на то колку е возен, ама не е паѓан и не е сериозно изгребан нигде.
Се на се, освен наредна сезона потенцијално штелување на вентили, зафат од некои 200-250 евра, во моторов немат апсолутно никакво вложување. Би го дал за 9,500, без ценкање. Гледам по огласи од претходниве генерации одат од 7,000 до кај 8,500, мислам дека е океј цената.
