Не се разбирам од мотори но некоја сума од 10к за половен спомнувате. Случајно или не на ФБ добив реклама за попусти од БМВ Макадонија. Имаше некој Ф900р за под 10к. Вака делува сличен со овие што ги спомнувате. А БМВ си е БМВ.
"БМВ си е БМВ“, ама ова БМВ не е БМВ. Машината е изработена од Loncin, и за ете, под 10к како што велиш, добиваш два цилиндри со 105 коњи. За тие пари нов мотор многу порадо би Honda CB650R со четири цилиндри, неспоредливо поиздржлива машина и каде каде поефтина за одржување.
Мислам дека со моменталниве комбинации на производители, од BMW би го зел големиот GS/GSA (F900GS е исто Loncin изработка) или евентуално S1000XR. Се шо е помала кубикажа е шминкан кинез со BMW лого и BMW цени за сервиси.