Тазе А категорија од пред еден месец, доколку некој го интересира околу трошоците, моментално се движат вака:
Лекарско- 1200 денари
Обука- 20 000 денари
Користење на полигон 2 пати по 250 денари + на денот на полагање 300 денари, вкупно 800 денари.
Заверка на возачка дозвола и минимум свидетелство од основно на нотар- 350 денари
Пријава за полагање во Авто Испитен центар- 3200 денари
На денот на полагање се плаќа за моторот 2000 денари.
Нова возачка- 580 денари по редовна( 1400 по итна постапка)
Вкупно- 28 130 денари.
Полагањето се состои од следното, првично се слуша пола саат теорија( ако имаш Б). Вкупно се 16 часа, или 8 пати се возат по 2 часа. Првите 4 часа се на полигон, следните 12 или 6 пати вожња е низ град. Се вози низ Аеродром. Имате полагање на полигон, две вежби се, првата е тргнуваш по права линија од 30м, прва втора до крај, полукружно се враќате по истата, се застанува на определено место. Лер, штендер се симнуваш, го буткаш моторот полукружно и се местиш на чуневи/осмици. Ги завршуваш тие и тоа е тоа со полигонот. Град се полага исто како со инструкоторт што возиш само позади сега вози комисија и ти дава насоки. Времетраење е околу 30-35 минути. Инаку јас полагав во Авто школа Мартин и сум многу задоволен, положив од прва, можам да ги препорачам секому. Моторот е Kawasaki Z650 2025 год.
Патем си купив SYM Jet 14 Evo 200. Засега ќе е одличен, за понатаму ќе видиме

