Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 520662 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3585 на: 03 Јули 2025, 16:26:15 pm »
До колку децибели бучава е законски дозволено, тоа прашувам. Ова погоре што го постираше ти, ама ич ништо не дефинираше.. 

Иначе да, ако се дивее и се урла, нормално дека треба да се санкционира.

На секој мотор посебно имат плочка на која јасно е означена максималната бучава со фабричкиот издув. Кај мене, на пример, е 96dB на 5,000 обртаи. Мерењето се прајт на технички, на некои 3 метри позади самиот мотор. Било која отстапка НАД пропишаното ниво на бучава на одредените обртаи би требало да резултират со технички неисправен мотор.

Во принцип, во идеални услови (и во нормални држави), не би требало да е дозволено менување на издув ако новиот издув немат катализатор. Таквите се генерално драстично погласни и поголеми загадувачи се. Баш ради то и многу од производителите на издуви за сите модели без катализатор пишет “For race/track use only. Not street legal." или нешто такво слично.

Кај мене по некоја среќна околност е издув кој теоретски не би требало да е street legal (THIS PRODUCT DOES NOT MEET EMISSION COMPLIANCE REQUIREMENTS FOR STREET OR HIGHWAY USE., според Akrapovic), ама на мерењето пред некоја недела со пригушувачот испадна дека е маргинално потивок од фабричкиот ауспух.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3586 на: 03 Јули 2025, 17:41:46 pm »
До колку децибели бучава е законски дозволено, тоа прашувам. Ова погоре што го постираше ти, ама ич ништо не дефинираше.. 

Иначе да, ако се дивее и се урла, нормално дека треба да се санкционира.
Имаш плочка на рамот бе Спенс на колку децибели ти е хомологиран моторот. Тоа што јас и ти сме примерни и не злоупотребуваме со бучавата не значи дека не сме престапници.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1723
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3587 на: 03 Јули 2025, 18:06:33 pm »
До колку децибели бучава е законски дозволено, тоа прашувам. Ова погоре што го постираше ти, ама ич ништо не дефинираше.. 

Иначе да, ако се дивее и се урла, нормално дека треба да се санкционира.
Кај мене по некоја среќна околност е издув кој теоретски не би требало да е street legal (THIS PRODUCT DOES NOT MEET EMISSION COMPLIANCE REQUIREMENTS FOR STREET OR HIGHWAY USE., според Akrapovic), ама на мерењето пред некоја недела со пригушувачот испадна дека е маргинално потивок од фабричкиот ауспух.

Не е street legal на основа на издувни гасови најверојатно, без разлика на гласноста. Сличен муабет е со Акрапович на коли, задниот лонец е ECE/TUV хомологиран и е легален, ама ако го искомбинираш со средниот лонец што најчесто вади втори катализатори/OPF тогаш веќе ја губи хомологацијата.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3588 на: 17 Јули 2025, 10:40:28 am »
Тазе А категорија од пред еден месец, доколку некој го интересира околу трошоците, моментално се движат вака:

Лекарско- 1200 денари
Обука- 20 000 денари
Користење на полигон 2 пати по 250 денари + на денот на полагање 300 денари, вкупно 800 денари.
Заверка на возачка дозвола и минимум свидетелство од основно на нотар- 350 денари
Пријава за полагање во Авто Испитен центар- 3200 денари
На денот на полагање се плаќа за моторот 2000 денари.
Нова возачка-  580 денари по редовна( 1400 по итна постапка)

Вкупно- 28 130 денари.

Полагањето се состои од следното, првично се слуша пола саат теорија( ако имаш Б). Вкупно се 16 часа, или 8 пати се возат по 2 часа. Првите 4 часа се на полигон, следните 12 или 6 пати вожња е низ град. Се вози низ Аеродром. Имате полагање на полигон, две вежби се, првата е тргнуваш по права линија од 30м, прва втора до крај, полукружно се враќате по истата, се застанува на определено место. Лер, штендер се симнуваш, го буткаш моторот полукружно и се местиш на чуневи/осмици. Ги завршуваш тие и тоа е тоа со полигонот. Град се полага исто како со инструкоторт што возиш само позади сега вози комисија и ти дава насоки. Времетраење е околу 30-35 минути.  Инаку јас полагав во Авто школа Мартин и сум многу задоволен, положив од прва, можам да ги препорачам секому.  Моторот е Kawasaki Z650 2025 год.

Патем си купив SYM Jet 14 Evo 200. Засега ќе е одличен, за понатаму ќе видиме  ;D

« Последно менување: 17 Јули 2025, 10:51:18 am Allexxander »

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 604
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3589 на: 17 Јули 2025, 11:47:39 am »

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Честитки!

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 529
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3590 на: 18 Јули 2025, 13:52:47 pm »

Скокнале трошоците, во 2021ва мене во Охрид комплет ме фати 22 илјади денари со едно паѓање, пошо “супер си извоза дечкото ама не се договоривме, па вака на втора ќе положит“.

Честито возачка и со здравје да го возиш моторот!

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3591 на: 23 Јули 2025, 13:39:00 pm »
На предлог на супруга, со дозвола од децата и на мое огромно задоволство, првиот дел од одморот го искористивме за еднонеделна тура со мотор во Италија.

Скопје-Драч-Бари-Полигано а Маре-Монополи-Алберобело-Остуни-Порто Цесарео-Таранто-Салерно-Амалфи-Поситано-Соренто-Бари-Драч-Скопје.
1.390км на две тркала.
Прошетавме Пуља, брег Амалфи, остров Капри.

Од првично планираното, Бриндиси и Лече отпаднаа од распоред затоа што видовме на лице место колку беше гужва, па ќе требаше да скратиме од Амалфи или Капри, а тоа не беше опција.

Се' на се', прекрасно доживување и искуство кое со задоволство ќе го повториме на друга дестинација и не во Јули месец ;D
* и по можност со поголем мотор, на барање на супруга

Просек 4,2 за цело патување  :D

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3592 на: 23 Јули 2025, 13:44:05 pm »
Браво, одлична тура и браво за сопругата :)

За "жал", ќе мораш да земеш ГС за следно, НТ1100 или слично.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3593 на: 23 Јули 2025, 14:46:25 pm »
Дај број од сопругата да и објасни на мојава нешо  ;D

Браво за турава, него стаклово напред не ми изгледа дека нуди голема заштита како е на отворено со оглед на тоа што доста турава е доста големка.

Иначе како со спиење имавте шатори правевте фул адвенчр или по хотели спиевте? Јас вака имам план здравје наредна година или понатака уште малце децава да пораснат.

И последно прашање, шо опрема имаш да во јули месец на +40 истовремено имаш заштита ама од друга страна не се потиш како луд? Или нема спас  ;D

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3594 на: 23 Јули 2025, 15:44:19 pm »
нема заштита никаква, имам нешто поголем визир ама многу е ружен и не го ставам ;D
не е толку страшно со оглед на тоа што повеќе од 110-120 нема каде да се вози, а до тогаш е ОК
појезиви се бочни ветришта и од камиони, поготово на аутострада

резервиравме ден за ден преку букинг во хотел, освен последните 2 вечери во Соренто каде резервиравме во мобајл хоум во камп

од опрема, освен кациги со комуникатори и ракавици, имаме јакни со заштита и со вентилација
доле, на подолгите делници карго пантолони, пократките ги теравме со кратки и горе и доле

спас од потење нема ;D
првите 2 дена нe' утепа 40+ и мењавме маици на секое застанување
после тоа залади малце до кај 30-36 и ОК беше ;D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3595 на: 23 Јули 2025, 18:00:23 pm »
Najbitno e da ti se pogodi soprugata ama na site docna ni teknuva

Bravo za turava a i motorot si brka rabota

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3596 на: 23 Јули 2025, 18:38:30 pm »
Сеа си ко “Патуваме со Ташето”.

Браво, најбољи опција е ова за шетање.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3597 на: 23 Јули 2025, 19:25:29 pm »
Ако е некој заинтересиран мој е моторот.. Максимално одржуван, втор газда сум..

https://reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=5423483

Отсутен GreenVlach

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 69
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3598 на: 31 Јули 2025, 13:54:42 pm »
https://www.facebook.com/share/r/19vkBeunZP/?mibextid=oFDknk

Ги гледам ги возат доста низ град какво мислење и искуство имате со овие мотори
Не се разбирам многу гледам да земам некој ама сакам 50цц ради да избегнам полагања пак и поголеми давачки.  Ако имате друг предлог слободно кажете

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3599 на: 31 Јули 2025, 13:57:46 pm »
Одличен мотор. Супер избор.