Мислам препродава само..не е (или б ар не беше до лани) дирек увозник. Иначе ок е Ивица. Мотори мислам добар дел Пајо за него одржва. Ок сум со Пајо, sym-от ми го одржаваше.Иако гаранцијата ми беше во друг сервис во Охрид.
А Динамикс, еднаш бев со V-Strom-от, предходно се во Максима го носев, другиот газда од таму го имаше купено, нешто ме напнаа Максима, и отидов Динамикс, ок беа. Ама разбрав дека многу луѓе си заминале нормални од таму. И малце е расплнет Лаци со многу марки. И Триумф му го земаа, пред година година и пол.
Супер си е Ивица, ама можно е да е само застапник за Охрид, а не директен увозник. Dynamix мислам дека никогаш не беа увозници за Triumph во МК, од МотоГруп ги зедоа за првпат кај нас, ама еве, Ducati им ги превзеде МакАутоСтар, сервисот им е во распад веќе некое време, однос со муштерии (и према мене, и према неколку другари шо влегле таму) им е нула ... немам убав впечаток за нив.
Инаку за Пајо, морам да го напрам муабетов, до лани се колнев во него, не сакав да чујам за друг механичар, ама лани ја посра работата и со мене, и со многу близок другар.
Кај мене имаше проблем со нестабилно примање на гас, знаеше и да згаснит моторот, па ме пушти во Мото Азуро кај шо ми го апдејтираа софтверот и го изгубив ремапот. Очекувано, иако 1. Пајо ме убедуваше дека ќе си останела мапата, 2. претходниот сопственик имаше околу 500 евра даено за истата и со неа беа решени многу од “бубачките“ на MT09 (flat spots во прва и втора, порано уклучување на перка, плус снагата која мислам дека ми рекоа дека била околу 130 коњи на тркало). Не се реши проблемот, сменивме свеќици, пак не се реши проблемот, па на крај остана “ај ќе те барам да се подослободам да провериме уште една-две работи“. Месец и пол го чекав, прашав два пати во меѓувреме и добив дрско “или чекај, или барај си чаре“, и на крај си порачав TPS сензор од Јапонија, го сменивме со другарче и моторот не е мрднат од тогаш. А и Пајо се сомневаше во него, особено зато шо Yamaha имала recall баш за то, со истите симптоми ко кај мене.
После ова, другарче однесе Aprilia RSV4 кај него, пукна едно пластично црево од резервоарот со антифриз, само требеше да се сменит. Во промената, при враќање на резервоарот му скрши една од горните дизни и моторот почна да прајт глупости на високи обртаи. Месец дена седеше моторот кај него за да видит шо е проблемот, за на крај да му речит на другаров “ти ја имаш скршено дизната, не одет поединечно, решението ти е целосен усис и коштат некои 2 и пол илјади евра“. Најдовме дизна на Autodoc за некои стотина евра, ја порачавме, ја однесовме да ја сменит, и од ко ја смени му рече на другаров “Ах ... еве, јас изгледа ја имам скршено ко сум го враќал резервоарот“. Ни му се извини за штетата, или за то шо пола сезона возење му пропадна, ни му понуди да му платит за дизната.
Имам и трета ситуација кај шо мотор од познаник, оставен кај него на сервис, го паркирал зад врата, ја оставил вратата отворена и ради ветер истата едно 6-7 пати чукнала во моторот. Испогребан, парче напраен, ни “извини“ ни ништо.
Долги години Пајо беше go-to сервисер за мотори, и мислам дека ради то си го крена егото до ниво да мислит дека мојт да третират муштерии како сакат зато шо немет избор, морат кај него да се ојт. Ама сега бар имат алтернатива, Зоки е буквално преку улица од Пајо, односот му е неспоредливо подобар, цените поразумни, а е исто квалитетен и располагат со иста опрема за дијагностика и сервис.