Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 451305 пати)

Отсутен igooor07

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3435 на: 23 Октомври 2024, 09:51:58 am »
Каде да го однесам скутерот на детална проверка пред зимски сон, станува збор за Peugeot SpeedFight 4 - 50cc 2T, 2021 годиште. По можност во Велес, не би одел по други градови.

Sent from my 22101316G using Tapatalk
« Последно менување: 23 Октомври 2024, 12:24:25 pm igooor07 »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3436 на: 23 Октомври 2024, 10:53:35 am »




Ах бре @marjanot , да си јајш газот...



The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.


Отсутен DinoIsm

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
  • 2011 Renault Megane 3 RS250
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3438 на: 27 Октомври 2024, 23:56:57 pm »
Да го представам и мојот миленик на две тркала.
Се работи за 2019 Yamaha МТ-07, 689cc, Parallel twin со 270° cross-plane радилица, 55KW (75hp), 68Nm момент.
Еден од најпопуларните и најпродаваните нејкед мотори на целиот свет со докажана машина која што знае да помине и преку 200,000км без проблеми.

Пред да го купам овој мотор, возев 2014 Пијаџо Беверли 300цц од кој што истотака сум презадоволен. Решив дека е време да се прејде на вистински мотор, но бидејќи сум релативно тазе моторџија, не сакав да купам многу бесен мотор. По многу истражување на интернет и позитивни коментари, се одлучив за оваа Јамаха.
Овој мотор е купен од Мото Азуро Скопје, а јас го купив од човек во Велес во јануари годинава. Моторот бил малку возен со само 14,000км поминати и беше во одлична состојба.

Откако е во моја сопственост, со него имам поминато преку 4.000км. Бидејќи сме држава која што реално нема многу избор за делови за мотори, одлучив да се обратам кај соседите моторџии - Грците.
Во Солун успеав да најдам се што сакав да сменам на моторот по релативно добри цени и можам да кажам дека Грците се многу спремни со делови за мотори (и за коли) што ни е веќе добро познато.

Од Солун ги купив следните делови:
1. Предна и задна гума Michelin Road 6
2. Сет погонски ланец со предна и задна ѕвезда RK Japan
3. Затемнет визир Puig
4. Tank grip-ови Puig

Освен тие делови, моторот од мене исто така ги има добиено следните работи:
1. Неколку промени на масло, филтер за масло и филтер за воздух
2. Свеќици за палење
3. Промена на антифриз
4. Промена на глицерин
5. Tail tidy
6. ЛЕД жмигавци и светло
7. Штитник за ладилник
8. Штитници за рам
9. Тегчиња за гидан и некои други ситни работи.

Позитивните страни на моторот се следните:
1. Лесен и интересен за возење
2. Еластична машина
3. Брзо забрзување
4. Има АБС систем

Негативни страни:
1. Релативно лоша суспензија
2. Нема систем против пролизгување
3. Не е удобен за повисоки возачи

Можеби направив грешка бидејќи сум 190цм висок и спорт-туринг мотор би ми одговарал повеќе, но сепак не е ништо страшно.
Ова е одличен мотор за некој кој што сака да вози нешто интересно, но сепак не би го препорачал на почетник (барем во оваа изведба со 55KW).

Еве и некоја слика:
Simplicity is the ultimate sophistication.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3439 на: 28 Октомври 2024, 00:32:29 am »
Имаме кворум за еден MT собир на форумов, а? :D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6745
  • Бенве сие бенве
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3440 на: 28 Октомври 2024, 03:30:15 am »
Точно е дека не е за луѓе со повисок раст. За возење е многу лесен, како точак. Кај мене има абс, поновиот модел е, се мислам зимава седиштето да го преработам кај Славче во Струмица, тврдо е камен за на подолг пат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3441 на: 28 Октомври 2024, 05:38:05 am »
Другар што го возеше на обука се жалеше дека бил досаден мотор, за Хонда ЦБ 650р која исто ја возеше рече дека е далеку подобар. Голема е разликата од 2 на 4 цилиндра, ама Хондата колку што приметив е мртва на ниски вртежи.

Јас се мислев за истиов модел на Јамаха, особено 2025-та редизајнот има далеку поубав фар од тој што го ставаа до сега, ама веројатно ќе треба да го земам со рестрикција поради ограничувањето на кВ за возач почетник.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6745
  • Бенве сие бенве
Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3442 на: 28 Октомври 2024, 07:14:12 am »
2025 не е редизајн, комплетно е нов. Јас бев пред еден месец у Мото азуро, го гледав новиот МТ09. Убав е ама многу е јак, ќе тера на бељи праење.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен DinoIsm

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
  • 2011 Renault Megane 3 RS250
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3443 на: 28 Октомври 2024, 07:23:18 am »
2025 не е редизајн, комплетно е нов. Јас бев пред еден месец у Мото азуро, го гледав новиот МТ09. Убав е ама многу е јак, ќе тера на бељи праење.


Sent from my iPhone using Tapatalk

2025 MT-07 ги доби сите работи што фалеа на постарите генерации, меѓутоа дизајнот не е за сечиј вкус. А МТ-09 е страшен мотор и звукот кој го вади е феноменален, меѓутоа многу е див моторот. За мене Tracer 900 е поубав мотор кој што се носи одлично со CP3 машината и воедно ги има туринг атрибутите.
Simplicity is the ultimate sophistication.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3444 на: 28 Октомври 2024, 07:50:14 am »
2025 не е редизајн, комплетно е нов. Јас бев пред еден месец у Мото азуро, го гледав новиот МТ09. Убав е ама многу е јак, ќе тера на бељи праење.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Во право си, не читав детално што смениле ама дефинитивно големи подобрувања.

Мене и Тридентот 660 мн ми се доапаѓа на изглед, субјективно најубав од тритте што ги гледав, МТ, 650р и Тридентот.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3445 на: 28 Октомври 2024, 09:04:19 am »
Другар што го возеше на обука се жалеше дека бил досаден мотор, за Хонда ЦБ 650р која исто ја возеше рече дека е далеку подобар. Голема е разликата од 2 на 4 цилиндра, ама Хондата колку што приметив е мртва на ниски вртежи.

Јас се мислев за истиов модел на Јамаха, особено 2025-та редизајнот има далеку поубав фар од тој што го ставаа до сега, ама веројатно ќе треба да го земам со рестрикција поради ограничувањето на кВ за возач почетник.

Другар ти се заебава а  ;D  Или па е про возач шт овози 10 години без возачка? 8)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3446 на: 28 Октомври 2024, 09:33:12 am »

2025 MT-07 ги доби сите работи што фалеа на постарите генерации, меѓутоа дизајнот не е за сечиј вкус. А МТ-09 е страшен мотор и звукот кој го вади е феноменален, меѓутоа многу е див моторот. За мене Tracer 900 е поубав мотор кој што се носи одлично со CP3 машината и воедно ги има туринг атрибутите.

MT09 е див ако сакаш да е див. Стави го во мод 4 и добиваш MT07 со некое коњче плус и појќе галама.

Алал вера на Yamaha шо во MT07 2025 ставија се шо фалеше, превртена вилушка, модови, повеќе електроника, ми се бендисвит. За дизајнот уште не сум убеден, иако видов од новиве MT09 SP, во живо се прилично убави. Паркиран беше одма до 3та генерација MT09 SP, резервоарот е драматично поширок, линиите се поагресивни многу. Ама како Yamaha од 4 генерации едвај еден убав модерен фар имаат (тој од втора генерација), јака им душа.

Tracer 900 е феноменална машина за sport touring.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3447 на: 28 Октомври 2024, 09:43:22 am »
Другар што го возеше на обука се жалеше дека бил досаден мотор, за Хонда ЦБ 650р која исто ја возеше рече дека е далеку подобар. Голема е разликата од 2 на 4 цилиндра, ама Хондата колку што приметив е мртва на ниски вртежи.

Јас се мислев за истиов модел на Јамаха, особено 2025-та редизајнот има далеку поубав фар од тој што го ставаа до сега, ама веројатно ќе треба да го земам со рестрикција поради ограничувањето на кВ за возач почетник.

Другар ти се заебава а  ;D  Или па е про возач шт овози 10 години без возачка? 8)

Па искрено имене ме чудеше неговото искуство, сосема спротивно е од што имам читано за моделот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3448 на: 28 Октомври 2024, 09:52:00 am »
Можеби направив грешка бидејќи сум 190цм висок и спорт-туринг мотор би ми одговарал повеќе, но сепак не е ништо страшно.
Ова е одличен мотор за некој кој што сака да вози нешто интересно, но сепак не би го препорачал на почетник (барем во оваа изведба со 55KW).

Еве и некоја слика:

Јас возев KAWASAKI ER6N 2016.

198 сум висок.

Грчеви добивав после 1 саат возење :D

Отсутен DinoIsm

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
  • 2011 Renault Megane 3 RS250
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #3449 на: 28 Октомври 2024, 10:16:33 am »
Можеби направив грешка бидејќи сум 190цм висок и спорт-туринг мотор би ми одговарал повеќе, но сепак не е ништо страшно.
Ова е одличен мотор за некој кој што сака да вози нешто интересно, но сепак не би го препорачал на почетник (барем во оваа изведба со 55KW).

Еве и некоја слика:

Јас возев KAWASAKI ER6N 2016.

198 сум висок.

Грчеви добивав после 1 саат возење :D

За нас повисоките е само Kawasaki Versys или BMW S1000XR  ;D
Simplicity is the ultimate sophistication.