Дали овој мотор вреди ова пара? или е преценет дали има снага за дваица за долги патувања дали е удобен за човек висина над 180 предности и недостатоци благодарам страшно ми се допаѓа на изглед од искусните моторџии да споделат мислење фала
Која пара? Ако е ова SV650, го гледам на сајтов на Сузуки е околу 8,000 евра, шо не е многу во денешно време ама па моторов не е “мрднат“ со напредок од ко е излезен. Халогенка фар, нула електроника, изглед останат во 2001, единствено нешто шо ми е привлечно кај него е шо би требало да е bulletproof од аспект на одржување и расипливост.
За останатово, сосем солиден (и многу често препорачуван) почетнички/intermediate мотор, ама како naked не би го препорачал за долги патувања, уште помалку за патувања со двајца. Се пробавме во 2023 двајца на Honda CB500F од Охрид до Котор и назад, не беше баш удобно. Како возач мене ми беше океј, ама на патникот позади не би рекол.
Ако бараш мотор за двајца, за подолги патувања, и инсистираш да е Suzuki, јас би одел на V-Strom DL650. Би требало да е истиот агрегат, само апла поудобен и посреден за патување. На сајтот на Suzuki е околу 1,500 евра поскап.
Јас да сум на твое место би разгледал и Honda NC750, ако не забегале со цени над 10,000 (а не би бил изненаден да е така).