Nordcode е одличен budget бренд за облека/опрема, имам еден дукс за возење комплет со штитници, и зимски ракавици. Само, би ви препорачал ако пазарите Nordcode, тркнете до Солун до Мотомаркет. Брендот е грчки, и како такви имаат мнооогу подобри цени од Скај Мото.
Патем, Мотомаркет носат и Rev'it облека/опрема, што е исто ептен солиден бренд, и Shoei кациги. Имаат избор, имаат супер услуга, и со малку ценкање и цените им се сосем солидни.
https://motomarket-shop.gr/en@dennis95 со здравје да го возиш моторот, ептен убав избор си направил. Royal Enfield си ја поправаат репутацијата последниве 5-6 години, ама Moto Guzzi е класика, лесен избор би бил меѓу двата. Кацига си зел, за друго јас би ти рекол почни од ракавици и јакна, па кондури/чизми и пантолони.