Интересно си направил, напиши малку за што ти текна воопшто за мотор, па за типот, па имаш ли возачка и од кога, итн.
Инаку супер избор си направил, ете и испаднал некој попуст. Во Динамикс Триумфот е на одличен попуст и стварно добар мотор.
Хааха ајде малце позадина...
Од секад сум имал мерак на мотор а посебно на овие олд скул/кафе рејсери, МотоГП ги возев само оние historic events и барав игри што има и постари мотори
Сега периодов најдов некој меѓупростор некоја луфта и решив да си го остварам сонот, се запишав во Мартин авто школа(секоја препорака) на 09.02 годинава, ги извозев часовите и ми закажаа за полагање на 04.03(држете среќа).
Во потрага по мотор сум од Јануари, прво опција беше на старо демек да се поднаучам на некој па после апгрејд, некако не ми фаќаа око по огласи, или имаа бајаги километри или не е мој тип на мотор што имав замислено па преминав во салони итн.
Хронолошки:
- тргнав од Триумф го начекав https://www.mobile.bg/obiava-51680362438187616-triumph-thruxton-900-10080-km?slink=vg7qpq па барав информации за увоз и многу брзо сфатив дека немам време а ни нерви да се бафтам со бугаринов што незнае ни кој Еуро стандард е моторот, ми прати еден тон документи и фино лепо го одјебав, па наминав до официјалниот кај нас, таму ги видов и Боневиле и Спид Твинот, но највеќе продавачката беше возбудена за Спид 400, на него бајаги време потрошив истражувајќи го, но на крај сепак ме одтргна единечниот цилиндар.
- преминав на Кавасаки w800 ама бргу се разочарав од како се јавив во Мото-Пром и ми кажа луда цена од 12к евра и чекање 8 месеци.
- следно на Хонда Ребел, отидов во АутоТрејд и не ми се свиѓаше во живо моторот, седењето пре крузерски ниско ми дојде.
- додека бев во АутоТрејд го забележав и Ројан Енфилд Континентал ГТ 650, ептен ми фати око(издржа се до финале помеѓу него и МотоГуци)
- наминав во Динамикс да видам што нудат, видов прво Бенели Империале што во живо ептеен ми се свиѓаше ама некако сумњива ми беше цената од 4300 евра, продавачот упорно ме убедуваше дека се италијански па отидов дома да истражам, кога видов дека се кинеско производство го баталив и него.
- по втора посета во Динамикс го забележав Мото Гуциво, и ептеееен некако како да пишуваше мое име на него, буквално се ми се допадна на него а особено звукот кога го запаливме, сите точки ги имаше штиклирано освеееееен! цената :'( некако немав замислено толку пари за мотор 10190 евра...
Се натегавме во Динамикс и дојдовме до 9600 евра, следниот ден искочив од дома со намера да се вратам со мотор, отидов до АутоТрејд да го видам Континентал ГТ кој беше поефтин 1600 евра(8000 евра), ставив на вага на една страна (индиски мотор, не толку добар звук, 200 кубика помалце, спортско седење и контроли, лошо седиште) а на другата (италијанска традиција, 850 кубика, прееедобар звук, крузерско седење, удобно седиште) и вагата се "тилтна" накај МотоГуци, отидов добив попуст уште 200 евра на лепе очи и со огроооомна насмевка возев до дома.