Да го представам и мојот миленик на две тркала.
Се работи за 2019 Yamaha МТ-07, 689cc, Parallel twin со 270° cross-plane радилица, 55KW (75hp), 68Nm момент.
Еден од најпопуларните и најпродаваните нејкед мотори на целиот свет со докажана машина која што знае да помине и преку 200,000км без проблеми.
Пред да го купам овој мотор, возев 2014 Пијаџо Беверли 300цц од кој што истотака сум презадоволен. Решив дека е време да се прејде на вистински мотор, но бидејќи сум релативно тазе моторџија, не сакав да купам многу бесен мотор. По многу истражување на интернет и позитивни коментари, се одлучив за оваа Јамаха.
Овој мотор е купен од Мото Азуро Скопје, а јас го купив од човек во Велес во јануари годинава. Моторот бил малку возен со само 14,000км поминати и беше во одлична состојба.
Откако е во моја сопственост, со него имам поминато преку 4.000км. Бидејќи сме држава која што реално нема многу избор за делови за мотори, одлучив да се обратам кај соседите моторџии - Грците.
Во Солун успеав да најдам се што сакав да сменам на моторот по релативно добри цени и можам да кажам дека Грците се многу спремни со делови за мотори (и за коли) што ни е веќе добро познато.
Од Солун ги купив следните делови:
1. Предна и задна гума Michelin Road 6
2. Сет погонски ланец со предна и задна ѕвезда RK Japan
3. Затемнет визир Puig
4. Tank grip-ови Puig
Освен тие делови, моторот од мене исто така ги има добиено следните работи:
1. Неколку промени на масло, филтер за масло и филтер за воздух
2. Свеќици за палење
3. Промена на антифриз
4. Промена на глицерин
5. Tail tidy
6. ЛЕД жмигавци и светло
7. Штитник за ладилник
8. Штитници за рам
9. Тегчиња за гидан и некои други ситни работи.
Позитивните страни на моторот се следните:
1. Лесен и интересен за возење
2. Еластична машина
3. Брзо забрзување
4. Има АБС систем
Негативни страни:
1. Релативно лоша суспензија
2. Нема систем против пролизгување
3. Не е удобен за повисоки возачи
Можеби направив грешка бидејќи сум 190цм висок и спорт-туринг мотор би ми одговарал повеќе, но сепак не е ништо страшно.
Ова е одличен мотор за некој кој што сака да вози нешто интересно, но сепак не би го препорачал на почетник (барем во оваа изведба со 55KW).
Еве и некоја слика: