Автор Тема: Намален бројот на сообраќајни несреќи  (Прочитано 9571 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Намален бројот на сообраќајни несреќи
« на: 07 Февруари 2011, 10:28:14 am »
На патиштата во Македонија лани се случиле 12.253 сообраќајни незгоди со потешки и полесни последици, односно 18 отсто помалку отколку во 2009 година, а во кои загинале 162 лица

На секои 54 часа на коловозите низ земјава во сообраќајни несреќи загинува по едно лице, а секојдневно во болниците се примаат повеќе од 17 лица повредени во сообраќајки, покажува статистиката на МВР за минатата година. Според Министерството, статистичките показатели покажуваат дека безбедносната состојба во сообраќајот лани е подобрена споредено со 2009 година.

На патиштата во Македонија лани се случиле 12.253 сообраќајни несреќи, т.е. 18 отсто помалку отколку во 2009 година. Во 2010 година се регистрирани 4.226 тешки сообраќајки, односно 3 отсто помалку отколку во претходната година. Во нив загинале 162 лица, односно двајца повеќе отколку во 2009 година, а 6.375 биле повредени, што е за 356 лица помалку во однос на 2009 година. Бројот на сообраќајните незгоди во кои е причинета само мала материјална штета - 8.027, е за 24 отсто помал отколку во 2009 година.

Според полицијата, главната причина за големиот број несреќи е отсуството на сообраќајна култура и дисциплина кај учесниците во сообраќајот. Речиси 95 отсто од вкупниот број сообраќајки биле предизвикани од возачи, а најчесто поради пребрзо возење и со меѓусебни судири на возилата. Во ланските сообраќајки загинале 80 возачи, 32 пешаци и 50 патници.

Како и во претходните години, речиси половина од сообраќајните несреќи со тешки последици се случиле на подрачјето на Скопје - 1.936, во кои настрадале околу 30 отсто од загинатите. Сепак, во Скопско лани имало помалку сообраќајки и помалку настрадани отколку во 2009 година.

- И во текот на 2010 година продолжи порастот на фреквенцијата и густината на сообраќајот на патиштата во земјава. Зголемената фреквенција и густина на сообраќајот особено се забележува во населените места, каде што поради недоволните вложувања во развојот на уличната мрежа с` почесто се создаваат тесни грла. Проблемот дополнително се усложнува и поради недоволниот број патеки за велосипедски и пешачки сообраќај, а постојните патеки често се узурпирани со непрописно паркирани возила - велат од МВР.

Како решение за намалување на бројот на сообраќајки, од МВР предлагаат зајакнати сообраќајни контроли, построги казни и медиумска кампања.

- Потребно е да се остварува постојан увид над патната мрежа и сообраќајната сигнализација и за уочените дефекти и недостатоци навремено да се известуваат организациите надлежни за нивно одржување. Освен на техничката исправност на возилата, ќе се влијае и врз спремноста на возачите преку подобрување на квалитетот на обуката на кандидатите за возачи, како и законитоста во спроведувањето на возачките испити - велат од МВР.

Игор Шегавиќ

Повеќе незгоди во Кумановско

Статистиката покажува дека по Скопје најмногу тешки сообраќајки- 311 се случиле на подрачјето на Куманово, што е за околу 11 отсто повеќе отколку во 2009 година. Во Кумановско имало и најмногу настрадани- 12 загинати и 489 повредени, па и во оваа категорија има тренд на зголемување. Најголемо зголемување на тешките сообраќајки е регистрирано во Велес и тоа за 12 отсто, каде се случиле 115 незгоди со тројца загинати. Бројот на тешки сообраќајки минимално е зголемен во Прилеп, Штип и во Кавадарци. По Скопје и Куманово, најмногу загинати има на подрачјето на Кавадарци каде во 96 незгоди загинале 11 лица, а во 2009 година во 91 несреќа имало 5 жртви.

Најмногу жртви на отворен пат

Како и во изминативе години најмногу тешки сообраќајки се случиле во населените места, но најмногу жртви имало на отворен пат.

Во населените места лани имало 3.065 незгоди во кои 56 лица загинале, а 4.310 биле поведени. Во 2009 година имало 3.154 незгоди со 69 загинати и 4.459 повредени. Во 2010 година на отворените патишта се случиле 1.161 незгоди во кои 106 лица загинале, а 2.065 се повредени. На отворен пат една година претходно имало 1.203 тешки сообраќајки во кои загинале 91 лице, а 2. 272 се повредени.

Петок - кобен за возачите

Анализата на сообраќајките направена според месеци покажува дека лете има речиси двојно повеќе несреќи отколку во зима. Според месеците, најмногу несреќи се случиле во август - 477, а најмалку во февруари - 249. Петок е ден од неделата кога имало најмногу несреќи - 675 и сабота, а најмал број на несреќи се случиле во неделите - 536. Најкритичен периодот од денот за сообраќајки е меѓу 14 и 16 часот, а најбезбедни учесниците во сообраќајот биле во периодот меѓу 4 и 6 часот.

#

http://www.time.mk/read/NONE/b121108f03/index.html

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #1 на: 07 Февруари 2011, 10:28:41 am »
IZgleda deka kaznite, kolku i da gi mrazime, donesoja rezultati.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #2 на: 07 Февруари 2011, 15:13:16 pm »
Статистичка промена, која не би рекола дека е зависна од казни. Најголем број сообраќајки се проедизвикани меѓу 14-16 часот. Ниедна казна не е напишана во тоа време. Најсигурно време за возење е од 4-6 часот, а сите казни се напишани во тоа време. Кога нема живо пиле и ќе си кренеш 80...
За кои казни говориш инаку? Што се тиче алкохол мислам дека треба да се дуплираат, ако не и труплираат проверките. Гарантирам дека буџетот ќе го наполниме до даска, ем ќе ги тргнеме оние кои сакаат да не убијат. Истото и за поминување на црвено... Е сега што казната за црвено на ДОС раскрсница е исто, со тоа на пешачки кај АБЦ... Треба да се обеси на плоштад тој што го смилсли тој семафор, и оној кај фонтана за пешаци. Бесилка. Треба и за тоа да има казни, не само за граѓаните. 3 месеца затвор за пришинување гужва поради поставување на непотребни семафори.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #3 на: 07 Февруари 2011, 16:04:56 pm »

Na ilindenska so semaforite napravija nevidena glupost, ajde preku den neka rabotat ama navecer koga nema zivo pile se totalno nepotrebni, barem pola da gi isklucat tie sto se izmegju, i onaka si igraat ko na fliper so semaforite ukluci iskluci. Ili pak mozat da napraat semafori so kopce koga ke mu treba na pesak da stisne i da pomine.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #4 на: 07 Февруари 2011, 16:14:54 pm »

Пешачките се ОДЛИЧНИ за со копче!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #5 на: 07 Февруари 2011, 23:53:49 pm »
Чудна ми е статистикава и бројкиве, мислам дека прошлата година вестите беа преплавени со сообраќајки и жртви.
Или може повеќе пренесувале од претходно

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #6 на: 08 Февруари 2011, 02:42:55 am »
Абе друже секогаш имало многу собраќајќи само сега многу почесто на телевизија даваат, поран не идеа сите работи да ги снимаат сега недај боже ако се испрдиш добро ќе ти се начукаат со камери пред фаца и со смрдомерач да ја измерат смрдеата.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #7 на: 08 Февруари 2011, 09:04:31 am »
Абе друже секогаш имало многу собраќајќи само сега многу почесто на телевизија даваат, поран не идеа сите работи да ги снимаат сега недај боже ако се испрдиш добро ќе ти се начукаат со камери пред фаца и со смрдомерач да ја измерат смрдеата.

Sekogas imalo no vidi ja statistikata:

od 16.000 se namalaija na 12000 preku nok. ZNaci rezultati ima.Toa samo ke gi ohrabri vlastite i policijata uste poveke da 'udrat' na narodot, ne deka se grizat za bezbednost....

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #8 на: 08 Февруари 2011, 09:29:48 am »
А го гледаш бројот на загинати? Од 140 отишол на 162, а бројот на повредени од 4900 на 6300. Што е вистинскиот резултат?

Ова као парадоксот со speed-камерите во Англија. Каде што се ставени спид камери првично зголемен е бројот на казни (од очигледни причини) и локалните власти се маваат у груди со тој факт, па со време бројот на казни опаѓа пошто пополека се вози. Али со време се зголемува бројот на несреќи, загинати и повредени пошто возачите гледаат у брзинометар наместо напред на пат да гледаат.

Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5659
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #9 на: 08 Февруари 2011, 13:01:49 pm »
abe zaradi cenata na gorivoto lugeto pomalku vozat i zatoa ima pomalce soobrakajki ;D ;D ;D

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 536
  • drive it like you stole it!
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #10 на: 22 Септември 2011, 13:48:38 pm »
Незнам дали е соодветна темата, но сепак ќе пишам тука.
Веќе два до три пати во последниве неколку месеци сум сведок на истовреметно палење на зелено светло(претпоставувам), на раскрсницата бул. 8ми Септември и Партизанска(кај бензинската на Макпетрол). Значи се пали зелено светло на семафор за право на 8ми Септември во правец кон Водно, кога во исто време вртат возила лево на Партизанска од двата правци?! Дали сте го приметиле истото? Се мислам да пријавам но заборавам.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #11 на: 22 Септември 2011, 13:52:55 pm »
broj na nesreki se zgolemi po uvoz na srari vozila koga site mislat deka vo super brzi bolidi sednale

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #12 на: 22 Септември 2011, 13:54:05 pm »
Знам дека кога на Партизанска ќе се изгаси зеленото, тогаш се пали зелено за лево исто на Партизанска, ама би требало тогаш на 8 Спетември да е сеуште црвено. Можно е на двете да им се пали зелено во исто време?

Отсутен Lazarus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 536
  • drive it like you stole it!
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #13 на: 22 Септември 2011, 14:00:20 pm »
Falanga, јасно е дека така треба, но во ситуацијава во исто време е отворено зелено во 3-4 правци, односно претпоставувам дека се блокираат нешто семафорите, и се доведуваат во голема опасност сите учесници во сообраќајот.
Дури имам слушнато и за судар кој настанал на Симпо пред некое време, баш поради таква слична состојба на семафорите.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Намален бројот на сообраќајни несреќи
« Одговори #14 на: 22 Септември 2011, 14:02:14 pm »
И она со бројачите сега многу почесто откажува од порано. Имаш уште 5 секунди и се спремаш да тргнеш. На 1 секунда тргаш, доаѓа на нула, се гаси а уште е црвено.