Многу од пријателите не’ советуваат дека е катастрофална грешка да се дадат толку пари за ново возило. Дека на старо можело да се најде нешто екстра. Нешто многу појако, модерно, а за половина од буџетот со кој располагаме. И бевме во потрага по нешто такво во сеп./окт. ама очигледно ние не знаеме да ги најдеме. И, тогаш се откажавме. Си седиме без кола.
Така што, сега одиме на оваа варијанта. Сепак и кога стануваше збор за половно возило, јас лично не сакав да е нешто многу старо, и разглибано...
Не знам дечки, затоа и се обратив тука за помош.