Автор Тема: Ве молам за помош при купување на Ново возило!  (Прочитано 25329 пати)

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Здраво Дечки, јас сум нов член на форумов.
Во потрага сум на ново возило, со буџет до 16.000 евра. Нешто претерано не се разбирам во коли (девојче), со тоа што колата 90 посто ќе ја вози брат ми :)
Размислувам помеѓу: Сеат ми дадоа понуда за Сеат Леон од 15.950 евра 1.9 тди 90кс.
или пак Пежо 301, Цитроен ц-Елисее, Форд Фокус, Фиат Куга?
Секое мислење е добредојдено. Би ми значело и лично искуство.
Одам на варијанта ново возило, зашто навистина не знам со половните кои се добри? кои не? Кои се фалс итн.
Однапред Фала Ви!

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #1 на: 25 Април 2017, 07:59:35 am »
Експлицитно мора да биде дизел ?
За таа цена има добра понуда за Хјундаи и Тојота со солидна опрема, секако бензин.

Аурис со Luna опрема за тие пари.
http://www.toyota.com.mk/promocija/privlecen-i-dostapen
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #2 на: 25 Април 2017, 08:06:51 am »
Од споменатите погледни само Леон дизел.

Погледни голф дизел.

И октавија дизел.

Тие се главни што треба да се  видат.
Понатаму ако сакаш малку поинтересен дизајн погледни цитроен кактус дизел.

А на крај ете и фокус како опција може да го погледнеш како и киа цеед исто така дизел.

Рашетајте по салони видете што цена ќе ви дадат за тие што ви се свиѓаат и ќе одлучиш. Буџетот ви е таман така да нема гајле, ќе си најдете аутце.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #3 на: 25 Април 2017, 13:24:47 pm »
Голфч дизел до 16.000 евра нема. Многу поскапи се  :'(

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #4 на: 25 Април 2017, 13:25:35 pm »
Леонот е голф со сеат значка
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #5 на: 25 Април 2017, 13:26:41 pm »
Леончето е одлична комбинација и понуда. Голфот е поскап, за 16к има 1.2 TSI со 110 коња во основно ниво на опрема, што воопшто не е толку штуро како порано.

Би требало наскоро баш тој Голф да го земеме на тест, па ќе пренесеме впечатоци.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #6 на: 25 Април 2017, 13:31:24 pm »
Здраво Дечки, јас сум нов член на форумов.
Во потрага сум на ново возило, со буџет до 16.000 евра. Нешто претерано не се разбирам во коли (девојче), со тоа што колата 90 посто ќе ја вози брат ми :)
Размислувам помеѓу: Сеат ми дадоа понуда за Сеат Леон од 15.950 евра 1.9 тди 90кс.
или пак Пежо 301, Цитроен ц-Елисее, Форд Фокус, Фиат Куга?
Секое мислење е добредојдено. Би ми значело и лично искуство.
Одам на варијанта ново возило, зашто навистина не знам со половните кои се добри? кои не? Кои се фалс итн.
Однапред Фала Ви!

Леон е одлична кола, само да бидам искрен, појма неам од кај испадна моторов, не сум го сретнал до сеа.
Пежо 301 е исто што и Ситроен Ц-Елизе (по мене, тапа коли), Фокусот не е лош, мада мене лично не ми праи мерак, а Кугата е на Форд, не е на Фиат, и мислам дека е поскапа, пошто е веќе друг тип на возило.

Чинам дека сега треба да има добри промотивни акции на Фиат Типо.

Би било добро да се знае, кон каков тип на возило се цели - хечбек, седан, кросовер, мало, големо, бензин, дизел итн итн...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #7 на: 25 Април 2017, 13:34:33 pm »
Пребаци централата, сигурно мислеше на 1.6 TDI со 90 коња.

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #8 на: 25 Април 2017, 13:38:04 pm »
Nissan Juke ко за тебе.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #9 на: 25 Април 2017, 13:39:54 pm »
Nissan Puke требаше да го крстат
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #10 на: 25 Април 2017, 13:43:40 pm »
Ford Focus има добра акција за 1.5 дизел, а и на таа цена може да се симне некоја стотка доле.

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #11 на: 25 Април 2017, 13:50:15 pm »
Пребаци централата, сигурно мислеше на 1.6 TDI со 90 коња.
Здраво дечки. Токму така. Моја грешка, понудата на Леонот е 1.6 ТДИ со 90 коња.
На таа мислев. :)
« Последно менување: 25 Април 2017, 13:52:52 pm zeroSignal »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #12 на: 25 Април 2017, 13:53:31 pm »
Ford Focus има добра акција за 1.5 дизел, а и на таа цена може да се симне некоја стотка доле.

Ууу, да! Одлична си е цената, непобедлива во моментов!

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #13 на: 25 Април 2017, 13:58:23 pm »
Фокусот е добра опција, за 16к сигурно ке земеш посилен мотор од тој на акција со 95кс или повеќе опрема.

Сеатот е супер само се искилавиле што наместо тој со 105 или 110кс го нудат со 90, поарно нешто друго да немаше а саглам мотор

Незнам дали за 16к се зема Октавиа со правиот мотор

Хјундаи и Киа незнам што имаа сега за до 16к евра. сигурно и30 новава дизел се зема за тие пари

Тојота исто има акција

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #14 на: 25 Април 2017, 14:07:15 pm »
Zemi si Renault Captur. Sega gledam na akcija se