Фокусот е постар модел, ќе излезе нов во 2018, леонот има уште 2-3 години додека го сменат со нов. И двете коли се со фејслифт верзии, значи сите бебешки болести им се отстранети, нека не те лаже тоа што фордот има 5 коњски сили повеќе, многу е потежок од леонот и заради тоа сигурно ќе биде и потромав. Ако можеш пиши тука со што опрема одат за таа цена. Мислам дека фокусот е со тренд ниво на опрема, а за леонот не знам. И двете се стварно добар избор, ама не гледам некоја голема оправданост леонот да биде 1500е поскап, освен нели ако има побогата опрема. Значи ако за таа цена имаат приближно иста опрема тогаш би одел на фокусот, ако има голема разлика во опрема тогаш би одбрал леон.
Едит.
Сега ги разгледав понудите на официјалните страни.
Кај леонот добиваш повеќе:
1) 5 инчен тач мултимедијален уред
2) блутут
3) преден наслон за рака
4) електрика на ретровизори
5) паркинг сензори
6) ДРЛ ЛЕД светла
7) двозонски климатроник
алуминиумски фелни
Доста голема разлика во опрема, значи ја би земал сеат леон