Автор Тема: Ве молам за помош при купување на Ново возило!  (Прочитано 25323 пати)

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #15 на: 25 Април 2017, 14:13:41 pm »
Мене лично најмногу ми се допаѓа Леонот, ептен ми е убав на око. Модерен и младалачки. Ама со оглед на тоа дека ќе ја делиме со брат ми, него не му се свиѓа што е 90кс.
Бараме и попуст каде ќе можеме да успееме, зашто ќе платиме во готово.
Он оди по салони, а јас тука на форумов. :)
Ама сепак треба да се одлучиме.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #16 на: 25 Април 2017, 14:19:18 pm »
Ford Focus има добра акција за 1.5 дизел, а и на таа цена може да се симне некоја стотка доле.

Ууу, да! Одлична си е цената, непобедлива во моментов!
Само треба да се обрне дека колата нема автоматска клима. Ако може тоа некако да се измолзе би била добра понудата.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #17 на: 25 Април 2017, 14:20:08 pm »
Ако не мора да е дизел има доста убав избор блиску до ценовниот сегмент. Ако се покажат пари во салон можеби и да се погоди убава понуда баш во тој буџет.

Citroen C4 Cactus
Fiat 500x
Mazda 3
Skoda Yeti

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #18 на: 25 Април 2017, 14:29:46 pm »
Дали плаќаш во готово или кредит генерално нив ич не им менува. Ако е на кредит банката веднаш ги префлува парите на нив. Али сепак попуст ќе си бараш без разлика треба да дадат ако не барем нешто зимски гуми, патосници, каско првата година или такво нешто.

За 16к види го фокусот ако е со посилниот дизел мотор. Новиот голф почнува од 18500 за 1.0тси 115 што не е лоша понуда иде со ОК опрема + лед стандард си има напред и позади, ама не вреди за тие пари.

http://www.seatmacedonia.mk/novosti/sozdaden-za-sampioni понудата што ти ја дале од 16к за сеатот е како што гледам ако ја зимаш преку лизинг кај нив. Понуди им за таа цена да ти до дадат тој со 110/115кс зошто го зимаш во готово, мада ако можеш за таа цена да го земеш со 1.4 тси 150 тогаш тоа е вистинскиот избор, али е 20к по каталог.

Леонот е голф со сеат значка
Вози се во леон 100км во град и отворено и после вози се во голф 100км во град и отворено па кажи дали леон е голф со сеат значка. Ама да не го тупиме на темава сеа и да не бидеме иронични.

Дефинитвно најдобра понуда според мене е https://www.skoda.com.mk/files/mk/download/datei/cenovnik_octaviafl_2017.pdf 1.4 тси 150кс со амбишн опрема. По каталог е изненадувачки 17к ќе го дадат за 16 вероватно. Моторот е многу економичен и ненормално брз.

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #19 на: 25 Април 2017, 15:05:57 pm »
Шкодата бензин е така?
Ние дизел сакаме...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #20 на: 25 Април 2017, 15:08:28 pm »
Јас би бирал меѓу Леонот и Фокусот во тој ценовен ранг. На акциска цена е тешко, скоро невозможно да се добие екстра попуст.

Треба да се има во предвид дека Фокусот е веќе стар(ичок) модел и дека наскоро ќе стигне нов. Од една страна тоа е добро, бидејќи веќе му се испеглани проблемите. Од друга страна, човек треба да биде свесен дека купува кола што за 6 месеци ќе биде „старата“. Ама па цената тука го оправдува тоа.

Леонот или Фокусот. Тоа е тоа.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #21 на: 25 Април 2017, 15:08:51 pm »
Stom ti se svigja seatot najveke, zosto da ne. Ne ti treba drugo togas, osven cisto da razgledate. A i ovde na forumov, nesto konkretno nema da dobies odgovor, sekoj po svoj vkus ke si komentira, koj moze totalno razlicen od tvojot-vasiot da bide. Primerot so Skodata octavija, sigurno ni na kraj pamet ne vi pagja posto rece leonot bas deka e mladalacki ti se svigja. Octavia e za 50+ godisni na izgled.
Moe mislenje za cenata na leonot sto e na akcija, taa e cena za na lizing a posto vie bi plakale vo kes siguren sum deka za 15.500 i toa so metalik boja vklucena ke vi go dadat. Samo ako znaete da se cenkate, vo Porshe mislam deka se spremni za cenkanje i moze da odat so ceni okolu 15% minus od tie vo cenovnik. A po cenovnik leonov e 17.672eur so Refence paketot+metalik.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #22 на: 25 Април 2017, 15:18:25 pm »
@Clarins

А да пишевте, каде ќе се вози колата најчесто и колку км би поминувале? Колку време би ја зачувал колата, утреден фамилии и сл..? Не сакате да се доведете во ситуација да некоја година да сфатите дека колата не ги исполнува вашите потреби а сте ја купиле на ново и најмногу би изгубила на својата вредност.

Инаку, мене ако ме праша некој во секое време би Фокус пред Сеат/Шкода/VW, не заради квалитет или сл. туку едноставно сите коли премногу си личат една на друга.
Инаку имате и опција на Киа ПроЦид (за помлади), Дачиа Дастер ако сте авантуристи или половна Киа Спортејџ, Јети, Рено Меган, претходно споменато Кактусот ... незнам дали Џулијата би ја имало за таа цена..

Да изберете кола што би се допаѓала на двајцата е најтешкиот дел. Во секој случај, добро е да провозите некој километар од секоја кола, за да знаеш што да купиш. За таа сума на пари, не се купува само од видување од салон.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #23 на: 25 Април 2017, 15:27:38 pm »
Шкодата бензин е така?
Ние дизел сакаме...
Мој добронамерен совет, да не ме сфатиш погрешно. Помина времето (за среќа или несреќа) да даваш пари за ново возило од ОВАА класа и да биде дизел. За 16к добиваш 1.4 тси 150кс кој што ги мачка на леб сите овие 1.6 тди и 2.0тди во пакет. Вози го моторот, влече пониско од дизел и е метак особено во леон/голф/октавија. А троши макс 8 во град и 5.5 на отворено со нормална вожња. Единствено ако планираш преку 30.000км годишно да возиш, тогаш зимај си го дизелот и сите нови ЕУ6 мотори треба освен гориво и редовно адблу да се става, а тоа исто кошта пари. Друг е муабетот за дизел ако гледаш возила како пасат, мондео, инсигнија итн. over and out

Отсутен Morphius

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 67
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #24 на: 25 Април 2017, 15:39:22 pm »
Искрено подобра понуда од оваа на Рено по повод 10 години Аутомотив груп, тешко да се најде.
http://www.renault.mk/posebna-ponuda/megane/

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #25 на: 25 Април 2017, 15:42:19 pm »
Stom ti se svigja seatot najveke, zosto da ne. Ne ti treba drugo togas, osven cisto da razgledate. A i ovde na forumov, nesto konkretno nema da dobies odgovor, sekoj po svoj vkus ke si komentira, koj moze totalno razlicen od tvojot-vasiot da bide. Primerot so Skodata octavija, sigurno ni na kraj pamet ne vi pagja posto rece leonot bas deka e mladalacki ti se svigja. Octavia e za 50+ godisni na izgled.
Moe mislenje za cenata na leonot sto e na akcija, taa e cena za na lizing a posto vie bi plakale vo kes siguren sum deka za 15.500 i toa so metalik boja vklucena ke vi go dadat. Samo ako znaete da se cenkate, vo Porshe mislam deka se spremni za cenkanje i moze da odat so ceni okolu 15% minus od tie vo cenovnik. A po cenovnik leonov e 17.672eur so Refence paketot+metalik.
Дефинитивно се согласувам дека тука на форумов нема да најдам конкретно мислење, но мене мислењето на другите луѓе и искуството ми е важно. Така некако функционирам, купувам со препораки. Зашто не сум експерт на тема коли. Несигурно се осеќам, и прашувам луѓе кои знаат и се разбираат повеќе. Фала Ви најмногу за советите. Ми значи!

Отсутен Clarins

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #26 на: 25 Април 2017, 15:44:35 pm »
@Clarins

А да пишевте, каде ќе се вози колата најчесто и колку км би поминувале? Колку време би ја зачувал колата, утреден фамилии и сл..? Не сакате да се доведете во ситуација да некоја година да сфатите дека колата не ги исполнува вашите потреби а сте ја купиле на ново и најмногу би изгубила на својата вредност.

Инаку, мене ако ме праша некој во секое време би Фокус пред Сеат/Шкода/VW, не заради квалитет или сл. туку едноставно сите коли премногу си личат една на друга.
Инаку имате и опција на Киа ПроЦид (за помлади), Дачиа Дастер ако сте авантуристи или половна Киа Спортејџ, Јети, Рено Меган, претходно споменато Кактусот ... незнам дали Џулијата би ја имало за таа цена..

Да изберете кола што би се допаѓала на двајцата е најтешкиот дел. Во секој случај, добро е да провозите некој километар од секоја кола, за да знаеш што да купиш. За таа сума на пари, не се купува само од видување од салон.
ТОЧНО ТАКА! Во делот каде што сте ми пишале, дека е најтежок да се погодиме со брат ми!
Различни карактери сме, различни нешта сакаме, различни модели на коли ни се свиѓаат а мора да се усогласиме овој пат.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #27 на: 25 Април 2017, 15:48:12 pm »
Шкодата бензин е така?
Ние дизел сакаме...
Мој добронамерен совет, да не ме сфатиш погрешно. Помина времето (за среќа или несреќа) да даваш пари за ново возило од ОВАА класа и да биде дизел. За 16к добиваш 1.4 тси 150кс кој што ги мачка на леб сите овие 1.6 тди и 2.0тди во пакет. Вози го моторот, влече пониско од дизел и е метак особено во леон/голф/октавија. А троши макс 8 во град и 5.5 на отворено со нормална вожња. Единствено ако планираш преку 30.000км годишно да возиш, тогаш зимај си го дизелот и сите нови ЕУ6 мотори треба освен гориво и редовно адблу да се става, а тоа исто кошта пари. Друг е муабетот за дизел ако гледаш возила како пасат, мондео, инсигнија итн. over and out

Послушај го Влатко.

Советите му се доста рационални и логични.

Во 2017 година е сосема реално да го одбегнуваш дизелот како погонски агрегат кај ново возило.

Турбо бензинските мотори се фантастична замена за веќе умрената дизел технологија, која за 5 години ќе биде историја.

Јас не би дал пари за ново возило од салон со дизел мотор.

Моја препорака:
1. Шкода Октавија 1.4 ТСИ
2. Форд фокус со Екобуст мотор
3. Шкода октавија 1.2 ТСИ + ДСГ менувач

Било кое од горниве три возила да земеш нема да направиш никаква грешка.

Оди до некој од салоните побарај да возиш турбо бензински мотор.

Потоа размисли убаво дали сакаш дизел.

Сите од горе наведените возила ги имам возено лично доволен временски период и соодветно ги имам возено моделите со соодветните дизел мотори. Препораката ти ја давам искчучиво врз основа на искуството што го имам добиено, возејќи ги возилата.

Многу важно!!!
Имај во предвид дека многу од советите што ги добиваш на форумот се дадени од луѓе кои што немаат никаво искуство со реалната ситуација во автомобилскиот свет, и советите им се базирани на читање статии од интернет и рекла казала. Секогаш настојувај да го пробаш возилото и моторот пред да го купиш.
Плати го тоа возило што ќе ти остави насмевка на лице додека го возиш.

Тоа е најдобриот избор.
« Последно менување: 25 Април 2017, 16:31:24 pm zlatkoa »

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1719
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #28 на: 25 Април 2017, 16:09:39 pm »
16 000 еу за 90 коња..... Друже припази кои совети ги слушаш.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Ве молам за помош при купување на Ново возило!
« Одговори #29 на: 25 Април 2017, 16:19:04 pm »