Шкодата бензин е така?
Ние дизел сакаме...
Мој добронамерен совет, да не ме сфатиш погрешно. Помина времето (за среќа или несреќа) да даваш пари за ново возило од ОВАА класа и да биде дизел. За 16к добиваш 1.4 тси 150кс кој што ги мачка на леб сите овие 1.6 тди и 2.0тди во пакет. Вози го моторот, влече пониско од дизел и е метак особено во леон/голф/октавија. А троши макс 8 во град и 5.5 на отворено со нормална вожња. Единствено ако планираш преку 30.000км годишно да возиш, тогаш зимај си го дизелот и сите нови ЕУ6 мотори треба освен гориво и редовно адблу да се става, а тоа исто кошта пари. Друг е муабетот за дизел ако гледаш возила како пасат, мондео, инсигнија итн. over and out
Послушај го Влатко.
Советите му се доста рационални и логични.
Во 2017 година е сосема реално да го одбегнуваш дизелот како погонски агрегат кај ново возило.
Турбо бензинските мотори се фантастична замена за веќе умрената дизел технологија, која за 5 години ќе биде историја.
Јас не би дал пари за ново возило од салон со дизел мотор.
Моја препорака:
1. Шкода Октавија 1.4 ТСИ
2. Форд фокус со Екобуст мотор
3. Шкода октавија 1.2 ТСИ + ДСГ менувач
Било кое од горниве три возила да земеш нема да направиш никаква грешка.
Оди до некој од салоните побарај да возиш турбо бензински мотор.
Потоа размисли убаво дали сакаш дизел.
Сите од горе наведените возила ги имам возено лично доволен временски период и соодветно ги имам возено моделите со соодветните дизел мотори. Препораката ти ја давам искчучиво врз основа на искуството што го имам добиено, возејќи ги возилата.
Многу важно!!!
Имај во предвид дека многу од советите што ги добиваш на форумот се дадени од луѓе кои што немаат никаво искуство со реалната ситуација во автомобилскиот свет, и советите им се базирани на читање статии од интернет и рекла казала. Секогаш настојувај да го пробаш возилото и моторот пред да го купиш.
Плати го тоа возило што ќе ти остави насмевка на лице додека го возиш.
Тоа е најдобриот избор.