Автор Тема: Peugeot 208  (Прочитано 28211 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Peugeot 208
« на: 01 Ноември 2011, 20:34:38 pm »
Помал, подинамичен, поградски – Peugeot 208!



Peugeot официјално го претстави новиот 208. Накратко: помал е од претходникот (!), многу, многу, многу полесен и позабавен и подинамичен за возење!...
Новиот модел ќе го задржи меѓуоскиното растојание на претходникот (2.540 mm), но затоа ќе биде пократок за цели 70 mm (3.960 mm) и понизок за 10 mm (1.492 mm). И покрај тоа, Peugeot ветува дека е зголемен просторот во внатрешноста, а и багажникот брои 15 литри повеќе (285 литри). Намалените надворешни димензии, пак, ќе го направат 208 повторно градски автомобил, со многу подобри маневарски способности и полесно паркирање низ тесните паркинзи.

Сепак, главен адут на новиот 208 е ниската маса – стартниот модел тежи само 975 kg, што е фантастични 173 kg помалку од „дебелата“ 207-ка. Во превод, ова ќе придонесе за драстично подобрени возни својства и перформанси, како и за пониската потрошувачка. Всушност, Peugeot оди дотаму што го спомнува и легендарниот 205 GTi кога е забавата во возењето во прашање!



Покрај липосукцијата, 208 ќе добие и целосно нови, помали, но посилни бензински мотори, со зафатнина од 1.0 и 1.2 литри и со сила од 75 односно 100 КС. Послабиот бензинец ќе биде вистински шампион за ниска потрошувачка – ќе троши само 4,3 литри во просек, а ќе испушта извонредно ниски 99 g/km CO2 во атмосферата.

Ќе бидат понудени и пет HDI дизели со micro-hybrid технологијата со Stop&Start и сила од 70 до 140 КС, кои ќе бидат убедливо најштедливи и најчисти во својата класа. На пример, најслабиот дизел ќе троши само 3,4 литри на 100 km во просек, односно ќе има емисија на CO2 од само 87 g/km.



Промените во димензиите, придонесоа и за многу подинамичен дизајн, кој сега го следи јазикот кој го наметна поголемиот 508. Во споредба со 207, новата 208-ка дефинитивно изгледа помодерно, подинамично и поспортски, со изглед кој е повеќе унисекс (207-ката беше омилена пред се кај понежниот пол).

И внатрешноста е целосно променета, со малку некарактеристично високо поставена инструмент табла и централна конзола која е поблизу на дофат на рацете – многу поразиграно и повесело во однос на 207-ката, впрочем и каков што треба да биде еден мал автомобил. Peugeot ветува и голем напредок во квалитетот на материјалите и изработката, а на фотографиите видливо е големото внимание посветено на деталите, како кај 508, што е вистинска реткост во класата.



Peugeot 208 треба да пристигне на пазарот на пролет наредната година, кога ќе бидат познати и цените и нивоата на опрема.













Преземено од: http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=2092

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 208
« Одговори #1 на: 01 Ноември 2011, 20:39:09 pm »
Аееееее се разочарав. Цел живот возев и сакав Пежо, ама после оваа грдосија више крај.
Ова е толку грдо, погрдо и од Киа Венга. 206-ката беше ТОП, 207-цата ја уништија ама дај што даш, ама ова??? Да ми го дадат беспари и да ми плаќаат да го земам нема да го земам.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Peugeot 208
« Одговори #2 на: 01 Ноември 2011, 20:39:54 pm »
Odlicno izgleda, novo, nesekojdnevno za Peugeot, za pozdrav e namaluvanjeto na tezinata na voziloto.

Interesno vo sekoj slucaj.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 208
« Одговори #3 на: 01 Ноември 2011, 21:15:51 pm »
Единствена позитива е што се најавува и легендарната GTi верзија.
Сепак, ништо нема да го надмине 205 GTi во изглед, задоволство и забава при возење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Peugeot 208
« Одговори #4 на: 01 Ноември 2011, 21:17:37 pm »
Бррррррр....

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Peugeot 208
« Одговори #5 на: 01 Ноември 2011, 21:18:59 pm »
  а и доста чуден ....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Peugeot 208
« Одговори #6 на: 01 Ноември 2011, 21:24:51 pm »
Од ова тргнаа...




...до оноа стасаа.



А може и ќе е добро во живо. Боиве грозни на сликиве... Страшно, страшно.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Peugeot 208
« Одговори #7 на: 01 Ноември 2011, 21:25:59 pm »
Визуелно - тренди (иако мене не ми се допаѓа многу многу). Не би реагирал ко` Фаланга, ама не е ни богзнае што. Ц3 - ДС3 стајл да не кажам...
За поздрав е намалувањето на димензиите и намалувањето на тежината!
Чекам да го видам во живо за конечна оценка .

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен D@ni

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 230
  • Citroen GS
Одг: Peugeot 208
« Одговори #8 на: 01 Ноември 2011, 21:31:09 pm »
многу грдо :'(

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Peugeot 208
« Одговори #9 на: 01 Ноември 2011, 21:43:24 pm »
Abe luge sto ocekuvate vo denesno vreme, ste gi poglednale drugite proizvoditeli, skoro ite zabegaa kon ovoj cuden stil.

Zatoa mene mi doaga normalno zasto veke site otidoa kon toj stil.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Peugeot 208
« Одговори #10 на: 01 Ноември 2011, 22:07:59 pm »
И мене ми се допаѓа новиот дизајн, сосема различен од претходните модели...Малку иновација, малку сменет стајлинг...Но секогаш е така...На некој ке им се допѓа, на некој не...Неможе секогаш на сите да им се свиѓа :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Peugeot 208
« Одговори #11 на: 01 Ноември 2011, 22:12:36 pm »
Мислам дека треба да „легне“ на око. Го нема WOW ефектот на 206-ката, ама дефинитивно е тренди ко што би рекол Кериер166 :)
Мене она телевизорон ми боде очи, аЈПед му ставиле на средина, требало нешто поскладно да уиграат тука.
Останува да видиме теоријава, намалената килажа и новиве моторчиња што ќе кажат во пракса.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Peugeot 208
« Одговори #12 на: 01 Ноември 2011, 22:13:13 pm »
Да ја направеа ваква предницата, ќе си беше супер

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Peugeot 208
« Одговори #13 на: 01 Ноември 2011, 22:17:59 pm »
Не би реагирал ко` Фаланга, ама не е ни богзнае што.
Батка, и ти да с ипежоец како мене вака ќе реагираш. Ми го скршија филмот тотално.
Внатрешноста да речеме дека не е многу лоша. Но надворешниот дизајн е премногу оптеретен со нескладни и непотребни детали, некои глупави агли и облини (како кај фаровите и штоповите) што во принцип го прават да наликува на некоја индустриска електроника и машинерија што нема врска со возила. Формата треба да биде таква да асоцира на движење и динамика а не на некое имагинарно абстрактно уметничко дело, или некој од комплицираните трансформерси.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Peugeot 208
« Одговори #14 на: 01 Ноември 2011, 22:19:43 pm »
Гарант на серискиот модел пониклованата рамка околу отворот ќе ја нема, па нема да изгледа како протеза на оклештен тинејџер :)