Не е воопшто ризично, освен ако не сметаш дека е ризично за самата цивилизација. Од гледна точка на космосот, па и планетата - што и да се случи, ако има услови пак ќе никне живот. И пак.
„The planet is fine, the people are fucked.“ - George Carlin.
Се што знаеме е дека живот никнал на планета во космосов, најмалку еднаш. Иако веројатноста да се случи тоа според Дрејковата равенка

е екстремно мал, кога ќе се помножи со бројот на планети на кои може да се примени, бројот и не е така мал. А покрај тоа што не е мал, можеме да гарантираме дека колку и да е ништожен ЕДНАШ најмалку се случил.
Ние сеуште неможеме да детектираме планета, односно можеме да детектираме индиректно, а камо ли да најдеме живот на неа. Тоа е сепак еден далечен чекор, кој не се ни развива многу-многу заради природата на нашето општество. Ако се базираме само на светлината (телескопи), таа не е толку релевантна со оглед на тоа што и треба многу време да стигне до нас. За една планета оддалечена само 1 милион светлосни години, ние касниме со сликата за цел милион години. Од тогаш може и настанало нешто и се уништило. Голем дел од ѕвездите оддалечени 10 милијарди светлосни години од нас не ни постојат, поминале низ супернова, и таа супернова формирала нова ѕвезда која има планети... А ние уште ја гледаме старата ѕвезда која експлодирала пред 9 милијарди години.