П.С. А што шлапаат за „сина“ месечина по веснициве!??!?!
Претпоставуваат дека ке има сина месечина поради присутството на чад од пожари.
Кога белата светлина од месечината проаѓа низ атмосферата на земјата ја менува бојата. Кога поминува низ тенок слој од атмосфера се гледа нормално бело или многу малку накај кафено/портокалово. Кога поминува низ дебел слој на атмосфера како на пример кога има затемнување на месечината се гледа изразито портокалово/кафено/црвено. А кога поминува низ атмосфера богата со многу ситни честици како вулканска пепел или чад од пожари светлината се филтрира и до нас стигнува сина светлина. Затоа ние ја гледаме како сина.
Јас го сфатив како: заради директното зрачење (и претпоставувам ладење) многу се иситнува карпата - до тој степен да стане токсична за органите кои ги допира.
Прашината на месечината не е создадена како ефект на загревање и ладење туку како ефект на испарување и кондензирање. Кога ќе акне астероид во месечината се ослободува огромна количина топлинска енергија која ја топи околната карпа, ја зоврива па дури и испарува во форма на пареа. Кога пареата ќе се олади се кондензира во форма на многу фина прашина.
Е сега, таа прашина по состав не е ништо многу различна од мермер, базалт, силикатна почва, обичен камен на земјата па ние сепак ја дишиме. Честиците од таа прашина се со димензија на честици од брашно или чад (да речеме дизел или онаа прашина што се рони од фасадите на зградите). Доколку се вдиши конкретно таа прашина од неорганско потекло може само да предизвика проблеми со дишењето или дури да навлезе во крвотокот преку алвеолите во белите дробови. ВО тој случај ќе се створи нешто како цемент, ќе предизвика крварење во мозокот и смрт. Нема никаква врска со појава на карциноми како што трескаат глупости.
Карциноми можат да се појават ако честиците се радиоактивни (за време на half-life или периодот на распаѓање на радиоактивниот елемент кој се содржи во прашината) и се доволно чрипни ТРАЈНО да останат во белите дробови. Ако не може да се исфрлат преку шлаем или бронхосукција и останат доволно голго тогаш можат на генетско ниво да предизвикаат неправилно размножување во DNK на клетките и да предизвикаат карцином. Ако се доволно мали ќе се исфрлат преку бубрезите и мочката и чао пријатно.