Ај како научно ќе го објасните ова:
Стои цајкан на мовчињата во парк, имало неколку коцки за поплочување на мостот, земал една и ја фрлил во водата.Само што паднала коцката во вода,цајканот целиот вознемирен отишол кај командирот:
-Мора да дојдете, да видите нешто.
Отишол командирот, ја повторуваат постапката и тој вознемирен кај министерот за внатрешни:
-Мора да дојдете да видите нешто.
Одат на местото , ја повторуваат постапката и министерот со трчање кај премиерот.
-Мора да видите, нешто чудно се случува.
Оди и премиерот, присутни, цајканот, командирот, министерот:
- И што треба да видам ?
-Земете една коцка и фрлете ја во водата..
Земал коцка премиерот и ја фрла во вода, другиве тројца вознемирени:
- Не е можно ова..
-А што не е можно ?
- Па како, фрлаш коцка, а долу во водата кругчиња се прават ?