Автор Тема: НАУКА (Астрономија)  (Прочитано 232066 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1065 на: 10 Јануари 2019, 02:34:16 am »
Јас сум сестран човек Мартин, многу работи ме интересираат и за многу работи огнено дискутирам. :)

Патем, се што кажа може да се сублимира на следново:
немам време да размишљам

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1066 на: 10 Јануари 2019, 07:43:31 am »
Како му го извади од контекст свака част! Профи! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1067 на: 10 Јануари 2019, 10:31:22 am »
Контекстот на Мартин беше и остана истиот - „јас немам време да се замарам“ (другото беше подјебавање на мојата маленкост, која нели се замара со секакви „глупости“).

Тоа „не се замарам“ е популарен изговор за неразмислување и избегнување одговорност.

На жалост реалноста не ја интересира кој колку сака или не сака да се замара, и често знае да се врати како бумеранг и да удри по глава. На пример, пример со кој Мартин може да се поврзе, би бил: „Ми треба нов велосипед, некои таму ми велат да не зимам најевтино и да пазам на ова на она ама јас немам време да се се замарам со глупости и ќе идам ќе си го купам најевтиниот велосипед кој изгледа ОК“. Иде Мартин во Агротехна, десетици светкави точаци пред продавницата, граба еден го плаќа и си тера кеиф по Кеј. Се фали како е супер бајкот, глупи се тие што даваат по 2 илјади евра за бајк, итн итн.
За некое време Мартин сака да иде со пајташите на даунхил вожња. Другариве му кажуваат дека не му е бајкот за таква намена, ама Мартин нели - знае подобро од нив дека „нема потреба од замарање“. На жалост, на првиот спуст рамката на бајкот се крши а Мартин сериозно се повредува, можеби дури и губи бубрег (скраја да е, само ова навистина се има десено - иако не со шит бајк).

Примеров е затоа што знам дека Мартин е бајкер и прилично се разбира во велосипеди. Муабетот ми е дека и Мартин се замара. За велосипеди барем и тоа како се замара, нели Мартин?

Е сега тоа што Мартин решил дека други работи не се вредни за замарање, и им се потсмева на други кои имаат волја да „се замараат“ со такви работи - тоа ни кажува дека Мартин не ги разбира работите за кои се потсмева. Што е прилично плитко од Мартин.  :-\

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1068 на: 10 Јануари 2019, 10:37:39 am »
Ван, како наоѓаш толку време за дремење на форумов, за пишување на најразлични теми?!?

Ја се убацувам чат-пат скролам за 2 мин и унскоро секоја тема шо ќе ја отворам ти си тука со некој одговор со минимум 30 мин потребно време за пишување.

https://giphy.com/gifs/filmeditor-movie-comedy-3oeSADYLqmcN5PVkf6

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1069 на: 10 Јануари 2019, 11:00:09 am »
....

Дали сакаш да кажеш дека ти си доктор, специјалист по имунологија/имунизација, специјалист по интерна медицина, хирург, нутриционист, земјоделец кој произведува органска и неорганска храна, министер за надворешни работи, министер за економија и финансии, новинар, економист, инвеститор на берза, филозоф-мислител-експерт, свештеник, астронаут, астро-физичар, експериментален физичар, лидер на опозиција, алтернативна десница, конзервативен про-либертаријанец со неверојатно многу левоориентирани идеи и мисла за цврста државна рака, професионален дебатер, термичар и машински инжинер за греење и ладење, и ентузијаст за електроника и љубител на голф дизел?


пс. Гарант имам нешто заборавено.




 ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1070 на: 10 Јануари 2019, 11:10:11 am »
Он е едноставно доктор по скептицизам. Додека е убаво да држиш дистанца и да си скептик и да имаш прашања за одредени работи а да не ги зимаш здраво за готово, сепак границата е многу тенка и набргу мислиш дека стануваш експерт т.е. сам себе се лажеш.

Наместо времето што го потроши за сомнителноста на квалитетот на вакцините во Македонија придружено со јутуб видео од несреќен случај (кои што се бројат со прсти за волја на вистината) а додека во исто време не-вакцинирањето придонесува како апсолутна бројка далекусежни негативни последици по здравјето на човекот. И сега кога ќе ги ставиш овие две работи на кантар и фактички сфаќаш дека едното е скоро неспоредливо со другото, доаѓаш до единствен заклучок дека всушност експертов си тера само сопствена агенда и пропаганда (професионален скептик/го*нојадец) а вакцините  се нашле успут како една алатка за постигнување на таа цел. Утре ќе биде ГМО, задутре ќе биде големиот брат, после 3 дена ќе биде локалната власт, по после албанците се криви, за во нареден петок како западните медиуми не лоботомираат итн итн.

Тоа е таа патологија од која што прв излез е уствари личното признавање со себе си дека нешто не е во ред. Ван е во по;етна рана стаза.

 ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1071 на: 10 Јануари 2019, 11:16:25 am »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1072 на: 10 Јануари 2019, 12:20:19 pm »
Ван, како наоѓаш толку време за дремење на форумов, за пишување на најразлични теми?!?
Ја се убацувам чат-пат скролам за 2 мин и унскоро секоја тема шо ќе ја отворам ти си тука со некој одговор со минимум 30 мин потребно време за пишување.
Баче, како да ти кажам а да не се навредиш.... Ама не куцаме сите на тастатура со два прсти.  ;D
(другото би било до хардверот, тастатура со плавите Cherry MX механички тастери)


Дали сакаш да кажеш дека ти си доктор, специјалист по имунологија/имунизација, специјалист по интерна медицина, хирург, нутриционист, земјоделец кој произведува органска и неорганска храна, министер за надворешни работи, министер за економија и финансии, новинар, економист, инвеститор на берза, филозоф-мислител-експерт, свештеник, астронаут, астро-физичар, експериментален физичар, лидер на опозиција, алтернативна десница, конзервативен про-либертаријанец со неверојатно многу левоориентирани идеи и мисла за цврста државна рака, професионален дебатер, термичар и машински инжинер за греење и ладење, и ентузијаст за електроника и љубител на голф дизел?

Сите набројани области ме интересираат, па и повеќе од тоа.
Не разбирам зошто мислиш дека мора да бидам дипломиран машински инижинер за да ме интересира и да дискутирам за термодинамика и за греење и ладење? Зошто мора да бидам свештеник за да дискутирам за религија? Зошто мора да бидам министер за надворешни работи, за да ме интересира геополитика? Зошто мора да бидам доктор, за да ме интересираат работи за здравјето?
Итн, итн...

Прилично ограничен поглед на светот, гледано од моја гледна точка.  :-\
;)


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1073 на: 10 Јануари 2019, 12:46:14 pm »

Сите набројани области ме интересираат, па и повеќе од тоа.
Не разбирам зошто мислиш дека мора да бидам дипломиран машински инижинер за да ме интересира и да дискутирам за термодинамика и за греење и ладење? Зошто мора да бидам свештеник за да дискутирам за религија? Зошто мора да бидам министер за надворешни работи, за да ме интересира геополитика? Зошто мора да бидам доктор, за да ме интересираат работи за здравјето?
Итн, итн...

Прилично ограничен поглед на светот, гледано од моја гледна точка.  :-\
;)

Само ја продолжив твојата аналогија што ја напиша за Мартин. Според твојата последна реченица од овој пост, за тебе тоа е ограничен поглен на светот.


пс. 100% не сум те разбрал. Оти многу тешко на човек да ги разбере работите што ги пишуваш, ама по правило би требало да верува на работите што ги пишуваш. :)
« Последно менување: 10 Јануари 2019, 13:50:08 pm Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8945
  • Пичлеме
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1074 на: 10 Јануари 2019, 12:52:00 pm »
Van, секоја чест, не дека читам се шо си напишал (се нема време, а и неќам да се замарам), ама да влезиш во конфронтација со сите експерти овде (без дипломи од областите на кои се „истакнуваат“) и да не се измориш, да не ти здосади, да не речиш НЕ СМЕ ПОЌЕ ПРИЈАТЕЛИ, ИЗБРИШЕТЕ МИ ГО ПРОФИЛОТ, мора да се работи за одличен сајкалџија ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1075 на: 10 Јануари 2019, 12:55:10 pm »
Контекстот на Мартин беше и остана истиот - „јас немам време да се замарам“ (другото беше подјебавање на мојата маленкост, која нели се замара со секакви „глупости“).

Тоа „не се замарам“ е популарен изговор за неразмислување и избегнување одговорност.

На жалост реалноста не ја интересира кој колку сака или не сака да се замара, и често знае да се врати како бумеранг и да удри по глава.


1. Како твоето замарање со геополитика ќе спречи нешто на геополитички план да се случи или пак случувањето да не те опфати тебе, а на пример на Мартин ќе му се врати како бумеранг?

2. Иначе јас разбирам луѓе што имаат интересирање од милион области. Разбирам и ако истите тие луѓе сакаат да дискутираат за сите тие милион области. Но не разбирам луѓе што не знаат да дискутираат, што не прифаќаат туѓо различно мислење и на крајот луѓе што по секоја цена се обидуваат да го наметнат нивното мислење на останатите.

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1076 на: 10 Јануари 2019, 12:59:16 pm »
Интересирање и дискутирање е едно.

Ова на Ван е нездрава работа и е продавање муда за бубрези/дезинформирање/генерализирање/вадење од контекст/ширење паника и најважно од се таа пуста желба да си вечно во право на сметка на другите. Ако твоите мислења не се во иста линија со тие на "експертот"; тогаш ти си неук, прост, глуп и немаш појма како функционира светот :)

Убаво си реков, изиграва Господ.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1077 на: 10 Јануари 2019, 14:03:08 pm »
Ние сме стадото, а тој е пастирот ;D

Нешто познато ми звучи ;D, "пастирот"

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1078 на: 10 Јануари 2019, 14:24:40 pm »
И он е овца од стадото, само поише блее. На крај сите истро стрижени ќе бидат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #1079 на: 10 Јануари 2019, 14:49:17 pm »
сајкалџија ;D
Морав да го побарам зборов, интересен збор.   ;)




Само ја продолжив твојата аналогија што ја напиша за Мартин. Според твојата последна реченица од овој пост, за тебе тоа е ограничен поглен на светот.
Тогаш не си ја разбрал мојата аналогија, и така неразбрана ја продолжуваш погрешно.
Цитат
100% не сум те разбрал. Оти многу тешко на човек да ги разбере работите што ги пишуваш, ама по правило би требало да верува на работите што ги пишуваш. :)
Нема потреба од верување, освен можеби - за верниците. Доволно е да ги разбереш работите (без разлика што тоа е тешко), кога ќе ги разбереш работите тогаш ќе видиш дека сум во право.   :)




1. Како твоето замарање со геополитика ќе спречи нешто на геополитички план да се случи или пак случувањето да не те опфати тебе, а на пример на Мартин ќе му се врати како бумеранг?
Едноставно е, колку еден човек повеќе ги разбира работите за светот во кој живее - толку повеќе е спремен да донесе правилни одлуки во моментите кога се носат важни одлуки. На пример, никој запознаен со реалноста на работите, а при здрав разум, не посакувал државата да му влезе во НАТО. Од фактот дека повеќето (барем навидум) се за влез во НАТО, јасно е дека мнозинството нема поим за реалноста на светов, едноставно веруваат во приказните кои им се кажуваат.

Истото важи за било која област во животот, од храната за која прифаќаме да плаќаме тешко заработени пари - па до здравјето на децата, и прифаќање да се трујат со несоодветни неквалитетни вакцини во име на некакво немање пари и штедење додека таму во реалноста не само што не се штеди туку грдни пари се спичкуваат на секакви луксузи и глупости, како на пример последново со куртони од владата со народни пари да си носат членови од семејството на Новогодишни Концерти во Виена (иако веројатно тоа е моментот кога сељачиштата прв пат слушаат класична музика).
Цитат
2. Иначе јас разбирам луѓе што имаат интересирање од милион области. Разбирам и ако истите тие луѓе сакаат да дискутираат за сите тие милион области. Но не разбирам луѓе што не знаат да дискутираат, што не прифаќаат туѓо различно мислење и на крајот луѓе што по секоја цена се обидуваат да го наметнат нивното мислење на останатите.
Јас гледам дека ти веројатно „прифаќање на туѓо мислење“ го разбираш нешто како љубезност. Не, љубезно е само да го ислушаш соговорникот а за прифаќање потребно е тоа мислење да биде аргументиранао точно. Јас немам проблем со прифаќање на туѓ спротивен став кога истиот е аргументирано и докажано точен. Но не прифаќам неточни и погрешни мислења - колку и некој тоа да го смета за „нељубезно“.
Следно можеби ќе сакаш да укажеш на релативноста на мислењата, само прво сети се дека истите во една дискусија треба да бидат аргументирани со факти - за да се прифатат како вистинити. А дури и во тој случај, можно е двете спротиставени мислења да бидат точни - но гледани од потребната перспектива едното да има поголема тежина од другото - а ова е нешто што не можат да го видат тие што се ограничени на гледање само од една перспектива (посебно ако истата не е нивна, туку наметната од некој авторитет).



И он е овца од стадото, само поише блее. На крај сите истро стрижени ќе бидат.