Денес има нова вера за „напредните“ верници. Ги лажат дека новата вера не е религија и им ја претставуваат како „Наука“, ама всушност им продаваат слична догма. Догма која и сега како и тогаш, има за цел да ги богати проповедачите. Тогаш Црквата се богатела на сметка и на штета на верниците. Сега индустријата се богати на сметка и на штета на верниците.
Проповедници на новата црква се корумпираните научници на кои прва работа им е да ги демонизираат еретиците - независните научници. Втора работа им е да пишуваат пропаганда (догма која не трпи научни докази) за да се убедат верниците да ги консумираат продуктите на индустријата која е газда на корумпираните научници. А верниците (како Симо и мнозинството од популацијата) си ја лапнуваат пропагандата како попче што ја лапнува сармата на слава. Атеистите на жалост, секогаш се најмалубројни.
Новото Свето тројстово:
Отецот Индустријата
Синот Корумпираните научници
Светиот Дух Медиумите, првенствено ИНТЕРНЕТ