Автор Тема: НАУКА (Астрономија)  (Прочитано 232487 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #945 на: 23 Јули 2018, 09:13:47 am »
Линковиве се стара вест. :) и не даваат одговор на прашањето кое е повеќе од филозофски карактер. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #946 на: 23 Јули 2018, 09:39:39 am »
Недореченоста според мене лежи во тоа дека светлината што доаѓа од најдалечните предели носи со себе информација за случувања стари 14 милијарди светлосни години.
Во тоа време вселената се ширела, но дали е сеуште така?
Според сите сознанија, добиени од досега достапните информации, тоа сеуште е така. А изгледа и дека „одсекогаш“ било така.

Замисли да живевме во некоја подоцна (доволно постара) возраст на универзумов. Не само галаксиите, туку и одделните ѕвезди во нашата галаксија ќе беа толку оддалечени помеѓу себе - да воопшто немаше да бидеме свесни за постоењето на други ѕвезди (и галаксии)... How's that for a mind blown?  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #947 на: 23 Јули 2018, 09:50:41 am »
Ништо не си разбрал.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #948 на: 23 Јули 2018, 12:01:30 pm »
Поозбилно би бил разбран, ако се обидеш да објасниш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #949 на: 23 Јули 2018, 13:08:45 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #950 на: 23 Јули 2018, 13:59:01 pm »
А much slower and gradual expansion of space continued after this, until at around 9.8 billion years after the Big Bang (4 billion years ago) it began to gradually expand more quickly, and is still doing so today.

Заклучок базиран на информации добиени од светлина на галаксии на кои им требало онолку време да стигне до нас колку што и се одалечени, и понатаму математички развиван процес.
Но сето тоа се однесува за процеси во минатото, и некако тој дел се прескокнува во обидот да се претстави во вселената во кој правец еволуира или во каков модел би еволуирала.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #951 на: 23 Јули 2018, 15:09:53 pm »
Што е погрешно во мислењето дека кога галаксиите доволно многу ќе се оддалечат едни од други - дека нема да можат бидат меѓусебно видени од тогашните нивни локации. Додатно, после доволно многу време истото ќе важи и за одделните ѕвезди внатре во било која галаксија. Нема да бидат видливи меѓусебно. Некој во тоа време и на тоа место, ќе може да види само една ѕвезда - матичната, и ниедно друго вселенско тело освен тие кои се внатре во матичниот ѕвезден систем.

Сеуште не даде објаснување, зошто ова горе е погрешно. И што точно разбираш...  :)
Ништо не си разбрал.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #952 на: 23 Јули 2018, 15:45:23 pm »
Експанзијата на универзумот не важи за просторот во рамките на гравитациски врзаните тела од типот на галаксии и соларни системи.

Имено Млечниот Пат не само што не се оддалечува од Андромеда туку и се приближува. За 3милијарди години ќе се измешаат и ќе станат една галаксија. Понатаму и нашата локална група се движи кон локалниот Суперкластер, а не се оддалечува од него.

И така натаму, само важно има лимит на ширењето на просторот кој се смета дека е релевантен во гравитациски неврзани системи каде ширењето е посилно од вкупната гравитациска енергија на групата.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #953 на: 23 Јули 2018, 16:47:53 pm »
Van, со моето лаичко познавање, не тврдам дека нешто е погрешно.
Едноставно, од порано темата ми била интересна и сум прочитал доста литература на неа, во меѓувреме се менувале разни теории, мислам дека сеуште се кршат копјата околу нив.
Кога се чита ваква литература, која сепак е приспособена на обичниот читател, битно е да се размислува додека се чита, и да се обидеш да си створиш одредена слика, перцепција, за напишаното.

Не си го разбрал моето прашање. :)

Ќе се задржам само на главната поента.
Сите првобитни и основни информации за вселената ги добиваме преку видливата светлина која има поместување во спектарот (доплеров ефект). Од тука е заклучено дека вселената се шири.
Тоа е основа на сите теории развивани за објаснување на ширењето, настанокот и развојот на вселената.

Е сега убаво е опишано дека колку гледаме подалеку, толку гледаме назад во времето.(брзина на светлината).
Ако гледаме објект, одалечен да речеме 10милијарди светлосни години, го гледаме каков бил и што правел пред исто толку време. Но не значи дека денес е на исто место, изгледа исто и прави исто, како тогаш.
Но научниците развиваат теорија (барем таков е мојот впечаток од досега прочитаното) како тој објект да е сеуште таму каде што е, изгледа исто и прави исто како пре 10милијарди светлосни години.

Преку тоа и за самата вселена.






Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #954 на: 23 Јули 2018, 19:50:10 pm »
@Mikius оваа тема за да се дискутира е потребно многу знаење, многу време и многу мисење.

Во врска со оддалечувањето на телата во универзумот, тоа е тешко да се објасни, зошто се работи за просеци и релативистички искази. За лаици:


Исходот од тој процес, па и одговор на прашањето за тоа дали ќе продожи со тоа темпо е ствар на тоа кој модел на еволуција на универзумот се употребува. Никое тврдење на таа тема не е фиксно и сигурно, постојат десетици теории кои подеднакво се и точни и релативно неточни, зависи кое стојалиште се застапува.

Човештвото има уште многу фурни леб да јаде, па и веројатно евулоција која треба да ја помине, за да дојде до доволно податоци за да се одговорат овие прашања.

Сега за сега, се смета дека универзумот се шири на база на многу лимитирани податоци. Со тек на време ќе дознаеме повеќе и ќе дојдеме до попрецизни сознанија. Но се додека постои терет на човештвото, кој верува во богови, нема да се откачиме од бедните проблеми со кои се соочуваме денес и нема да се посветиме на научен напредок. Ова е критичен момент кају човештвото, или ќе дозволиме интелектуалната ретардација да победи и ќе бидеме истребени како иљадници животински видови или ќе преживееме и ќе напредуваме.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #955 на: 23 Јули 2018, 20:49:50 pm »
Поздрав :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #956 на: 23 Јули 2018, 20:59:01 pm »
Затоа имав напишано дека умствената гимнастика што си ја правам е повеќе од филозофски аспект.

Се прават равенки и преаметки за ширење на универзумот врз основа на податоци кои се случиле пред милијарди години.
Од друга страна не може да знаеме за реалната судбина на поединечни ѕвезди во нашата галаксија одалечени неколку илјади светлосни години се додека не помине исто толку време.(пример, експлозија на супер нова документирана во Кина).

Во случај да се уништиме, по неколку илјади години, некој ќе ја открие порта Македонија и ќе се чуди со каква технологија е изградена, и која и била намената. Ќе се плетат разни теории, се додека не ја откријат тендерската документација како предупредување за следната цивилизација да не ги прават истите грешки ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #957 на: 23 Јули 2018, 21:18:09 pm »
Затоа имав напишано дека умствената гимнастика што си ја правам е повеќе од филозофски аспект.

Се прават равенки и преаметки за ширење на универзумот врз основа на податоци кои се случиле пред милијарди години.
Од друга страна не може да знаеме за реалната судбина на поединечни ѕвезди во нашата галаксија одалечени неколку илјади светлосни години се додека не помине исто толку време.(пример, експлозија на супер нова документирана во Кина).

Во случај да се уништиме, по неколку илјади години, некој ќе ја открие порта Македонија и ќе се чуди со каква технологија е изградена, и која и била намената. Ќе се плетат разни теории, се додека не ја откријат тендерската документација како предупредување за следната цивилизација да не ги прават истите грешки ;D

Леле леле, дискусија како создадена од баговит софтвер извршена од баговит процесор ;D

Не се прават равенки и пресметки за ширење на универзумот врз основа на податоци кои се случиле пред милијарди години. Се вршат врз основа на податоци кои се случиле СЕГА за настани кои се случиле пред милијарди години. Тие податоци се ставаат во функција на модел (стандарден модел) развиен со помош на други податоци и заклучоци добиени на најразлични начини. Према томе, можеме да знаеме за реалната судбина на поединечни ѕвезди оддалечени икс светлосни години, со голема сигурност, без да помине толку време. Тоа е разликата меѓу проста наука и обсервација. Ако треба да чекаме толку време за да дознаеме нешто тогаш само посматраме, а не теоретизираме и не заклучуваме. Голема разлика :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #958 на: 23 Јули 2018, 21:51:54 pm »
Хмм,... лаик сум, но сепак разбирам дека станува збор за податоци добиени сега, за настани кои се случиле во длабоко минато.
Но не и за "податоци кои се случиле сега". Податоци не се случуваат :)
Тоа со ѕвездите ми е јасно дека врз основа на досегашните истражувања може да се предвиди со голема точност, без да се посматра, иако не е толку далечно времето кога се откриваа пулсари и сл. па мораа да се преиспитуваат дотогашните истражувања.
Разбирам дека сме сеуште во зачеток.

Во секој случај би ти бил благодарен, како постручен (така заклучив читајки ја темава), да ми појасниш во врска со создавањети на потешките елементи (олово) во процесот на фузија во ѕвездите. Страници наназад на едно место се начна објаснувањето но некако само површински.

ПС забавно беше како НУМЕ ти газеше по нерви :)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: НАУКА (Астрономија)
« Одговори #959 на: 24 Јули 2018, 04:02:22 am »
@Mikius другарче, пошто си "релативно" нов тука би сакал да ти укажам на една работа.

Не смееш, ама баш во никој случај не смееш, во дискусиите со @Tischläufer звани Миле и @Van звани Ван, да имаш различно мислење од нивното и не дај Боже, Бог да ти е на помош, да им кажеш дека грешат. Плиз донт. Подобро на Чак Норис да си му опцул мајка отколку со нив да се објаснуваш.

Brains are awesome. I wish everybody had one.