Van, со моето лаичко познавање, не тврдам дека нешто е погрешно.
Едноставно, од порано темата ми била интересна и сум прочитал доста литература на неа, во меѓувреме се менувале разни теории, мислам дека сеуште се кршат копјата околу нив.
Кога се чита ваква литература, која сепак е приспособена на обичниот читател, битно е да се размислува додека се чита, и да се обидеш да си створиш одредена слика, перцепција, за напишаното.
Не си го разбрал моето прашање.

Ќе се задржам само на главната поента.
Сите првобитни и основни информации за вселената ги добиваме преку видливата светлина која има поместување во спектарот (доплеров ефект). Од тука е заклучено дека вселената се шири.
Тоа е основа на сите теории развивани за објаснување на ширењето, настанокот и развојот на вселената.
Е сега убаво е опишано дека колку гледаме подалеку, толку гледаме назад во времето.(брзина на светлината).
Ако гледаме објект, одалечен да речеме 10милијарди светлосни години, го гледаме каков бил и што правел пред исто толку време. Но не значи дека денес е на исто место, изгледа исто и прави исто, како тогаш.
Но научниците развиваат теорија (барем таков е мојот впечаток од досега прочитаното) како тој објект да е сеуште таму каде што е, изгледа исто и прави исто како пре 10милијарди светлосни години.
Преку тоа и за самата вселена.