Здраво дечки,
Пред некое време купив една Нисан Микра, 1.2 и по 1 месец среќно возење наеднаш и текна да не пали..
Проблемот е моментално што не сака уопште да запали, само се слуша еден клик под хауба и тоа е тоа. На табла се си свети како што треба и не прикажува некој проблем.
Прв пат и се случи на жена ми кога отишла на бензиска, наточила бензин и оп не сака да запали.. По 10тина мин пробала пак и колава запалила (е.ате беља).
Наредниот ден ја возев цел ден и приквечер одам да ја запалам и не сака да пали и од тогаш е комплет зезната..
Успеав да ја запалам на гурање и да ја пикнам у гаража, работејќи се како што треба. Ја возев 30тина мин мислејќи дека акумулаторот е испразнет и после пробав пак. Мртва(мислам само се слуша едно штракање под хауба, претпоставувам анласерот).
Е сега, напраив некои тестови:
1. Закачив мултиметер на акумулаторот и при палење вредноста од 12 и нешто волти паѓа до 8 волти. Колку што се информирав, тоа е знак дека акумулаторот не е добар. Би требало да држи снага над 10 волти.
2. Поставив кабли за палење од друга кола и оставив да поработа донорот едно 10тина мин. Пробав да запалам и пак е истиот проблем (само еднаш ќе кликне и толку).
Сега, според 1-виот тест, акумулаторот не е добар. Додека според 2-иот тест заклучокот е дека проблемот со палење е друг. Еден поупатен другар ми кажа да го чукнам анласерот со нешто и да пробам пак, ако запали ондак тој е проблемот.
Ќе ја носам во понеделник на мајстор, па мислев нешто меѓувреме да пробам нешто да чепнам.
Дали имал некој ваков проблем, искуства, сугестии?
п.с. Се изначитав на нет за проблемов и некои викаат дека сеуште може да биде проблем со акумулаторот, дека треба прво да го променам комплет па после да се пребацам на анласерот.
Поздрав!