Автор Тема: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?  (Прочитано 7858 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 613
Здраво дечки,

Пред некое време купив една Нисан Микра, 1.2 и по 1 месец среќно возење наеднаш и текна да не пали..
Проблемот е моментално што не сака уопште да запали, само се слуша еден клик под хауба и тоа е тоа. На табла се си свети како што треба и не прикажува некој проблем.

Прв пат и се случи на жена ми кога отишла на бензиска, наточила бензин и оп не сака да запали.. По 10тина мин пробала пак и колава запалила (е.ате беља).
Наредниот ден ја возев цел ден и приквечер одам да ја запалам и не сака да пали и од тогаш е комплет зезната..

Успеав да ја запалам на гурање и да ја пикнам у гаража, работејќи се како што треба. Ја возев 30тина мин мислејќи дека акумулаторот е испразнет и после пробав пак. Мртва(мислам само се слуша едно штракање под хауба, претпоставувам анласерот).

Е сега, напраив некои тестови:

1. Закачив мултиметер на акумулаторот и при палење вредноста од 12 и нешто волти паѓа до 8 волти. Колку што се информирав, тоа е знак дека акумулаторот не е добар. Би требало да држи снага над 10 волти.

2. Поставив кабли за палење од друга кола и оставив да поработа донорот едно 10тина мин. Пробав да запалам и пак е истиот проблем (само еднаш ќе кликне и толку).

Сега, според 1-виот тест, акумулаторот не е добар. Додека според 2-иот тест заклучокот е дека проблемот со палење е друг. Еден поупатен другар ми кажа да го чукнам анласерот со нешто и да пробам пак, ако запали ондак тој е проблемот.

Ќе ја носам во понеделник на мајстор, па мислев нешто меѓувреме да пробам нешто да чепнам.

Дали имал некој ваков проблем, искуства, сугестии?

п.с. Се изначитав на нет за проблемов и некои викаат дека сеуште може да биде проблем со акумулаторот, дека треба прво да го променам комплет па после да се пребацам на анласерот.

Поздрав!



Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #1 на: 23 Март 2017, 15:25:48 pm »
Јас типувам на акумулатор, бидејќи (мислам) не ти е добра процедурата за палење со кабли. Колата донор при лер гас споро го врти алтернаторот и со тоа помалку полни. Треба да се држи на 2500-3500 вртежи во моментот кога ќе пробаш да ја запалиш твојата кола.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54919
  • Махер
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #2 на: 23 Март 2017, 15:38:05 pm »
4000rpm ако е бензин донорот или 3500 ако е дизел. И пали си ја колата.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 613
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #3 на: 23 Март 2017, 15:51:52 pm »
Добро, стварно може акумулатор така да откаже наеднаш?

До сега што сум имал искуство, ќе вергла но со послаб интензитет и ќе прекине кога се испразни..

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #4 на: 23 Март 2017, 15:57:06 pm »
Акумулатори откажувале и вака: ја возиш цел ден колата, правиш пауза 3 минути на бензинска, вртиш клуч и ништо не се дешава, дури ни сијалички на табла не светат. Тебе малку предупредување ти дал. :)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 613
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #5 на: 23 Март 2017, 16:01:53 pm »
Акумулатори откажувале и вака: ја возиш цел ден колата, правиш пауза 3 минути на бензинска, вртиш клуч и ништо не се дешава, дури ни сијалички на табла не светат. Тебе малку предупредување ти дал. :)

Зезнато.. Интересното со овој е што кога давам контакт се си работи, радио, светла, сијалички на табла, све у нормала и само клик :)
Ќе пробам вечерва пак со кабли под гас па ќе пишам што ќе се деси.. Би бил среќен ако само акумулаторот е рикнат..

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5357
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #6 на: 23 Март 2017, 16:07:37 pm »
А да си видиш четкици на анласер? И да не се превентивно ќе ги мениш барем
Едит: или чукни го малце да не е заглавен.
« Последно менување: 23 Март 2017, 16:31:58 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7706
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #7 на: 23 Март 2017, 17:02:01 pm »
Акумулатори откажувале и вака: ја возиш цел ден колата, правиш пауза 3 минути на бензинска, вртиш клуч и ништо не се дешава, дури ни сијалички на табла не светат. Тебе малку предупредување ти дал. :)
Мене така ми рикна. Прво што помислив е дека се откачила клема, ама не беше тоа.
Акумулатори откажувале и вака: ја возиш цел ден колата, правиш пауза 3 минути на бензинска, вртиш клуч и ништо не се дешава, дури ни сијалички на табла не светат. Тебе малку предупредување ти дал. :)

Зезнато.. Интересното со овој е што кога давам контакт се си работи, радио, светла, сијалички на табла, све у нормала и само клик :)
Ќе пробам вечерва пак со кабли под гас па ќе пишам што ќе се деси.. Би бил среќен ако само акумулаторот е рикнат..
Дали кога ке завртиш на клучот за да запали се губат сијаличките на шалтабла?

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 613
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #8 на: 23 Март 2017, 17:12:58 pm »
Дали кога ке завртиш на клучот за да запали се губат сијаличките на шалтабла?

Се губеа кога пробував да запалам без кабли...и ако го држам клучот до крај се ресетира се набрзина и некој релеј мислам штрака набрзина..
Кога го уклучив на друга кола, овие симптоми ги немаше и не се губеа и кога вртев клуч.

И затоа мислам дека не е акумулаторот, пошто очигледно струјата беше подобрена а нема ниту малку верглање, само клик под хауба.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2639
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #9 на: 23 Март 2017, 17:18:35 pm »
Не се замарај,  99%  ти цркнал акумулаторот.

Смени го и готово. Полнењето не е решение, тоа е само за до дома да си одиш, во твојот случај иако си ставил штипки тоа не било доволно за да ја запали колата, може да е до донорот, до неговата кола и акумулатор.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7706
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #10 на: 23 Март 2017, 17:23:02 pm »
Дали кога ке завртиш на клучот за да запали се губат сијаличките на шалтабла?

Се губеа кога пробував да запалам без кабли...и ако го држам клучот до крај се ресетира се набрзина и некој релеј мислам штрака набрзина..
Кога го уклучив на друга кола, овие симптоми ги немаше и не се губеа и кога вртев клуч.

И затоа мислам дека не е акумулаторот, пошто очигледно струјата беше подобрена а нема ниту малку верглање, само клик под хауба.
99% е до акумулаторот. Пробај со друг акумулатор од пријател/комшија.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 309
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #11 на: 23 Март 2017, 18:18:27 pm »
Јас имав сличен проблем како твојот.

Колата си ја возев и палев без проблем цел ден. Застанав на улица (изгасена), вртам клуч - чекам греачи, вртам за да стартувам и fucking nothing happens :). Повторувам постапка - мртва кола. А само што и купив нов Еxide. Ја носам дома, и испаѓа дека клемите не биле доволно стегнати. Сеуште не верувам во оваа теорија, ама пак еве после стегањето ова ми се нема повторено (да не се подречам).

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #12 на: 23 Март 2017, 23:25:13 pm »
Штoм имa 8 вoлти oд кoгa ќе јa зaпaлиш јaс типувaм нa aлaнсерoт, нaјпaметнo ти е нa мехaничaр дa јa oднесеш :)

Sent from my LG-D855 using Tapatalk


Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 613
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #13 на: 24 Март 2017, 07:58:31 am »
Штoм имa 8 вoлти oд кoгa ќе јa зaпaлиш јaс типувaм нa aлaнсерoт, нaјпaметнo ти е нa мехaничaр дa јa oднесеш :)

Sent from my LG-D855 using Tapatalk


Не знам колку има од кога ќе ја запалам...туку го мерев процесот на палење и тогаш волтажата се намалува..

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со акумулатор или анласер (стартер)?
« Одговори #14 на: 24 Март 2017, 09:38:14 am »
Кога ќе го ставиш истрошениов акумулатор на кабли од друга кола, остави го 10 минути да се изедначи напонот (со упалена кола од донорот). Во првите моменти кога ќе го закачиш празниот акумулатор на другата кола, тогаш тој станува прилично голем потрошувач во струјното коло, може да влече и 10-тина и повеќе ампери, па му треба малце време да „добие струја“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.