Месецов бев до Македониja и назад. Извозени доста километри скоро 5700 за нецели 3 недели од кои 1.000 по Македонија (вклучувајќи и Скопје). Ова ми е второ идење со голфов до Македонија. Пред 2 години исто летен период идев ама дека ептен нова колата и не ја стискав многу сега ја возев нормално.
Полска (каде има што има авотпат) Чешка, Словачка и Унгарија мислам дека немаше момент испод 140 што не возев едноставно патиштата беа добри и го дозволуваа тоа, освен нормално кога на шлепер ќе му текне да претекне друга колона шлепери и ќе возиш 90 едно 5 минути. Ете тоа беше една дамка на целото возење, пред се поради многу камиони. Сум ја возел оваа рута многу пати ама ова лето немам видено волку шлепери во автопатиштата што прават застој.
Јас сум презадоволен од комфор и агилност и дефинитивно сметам дека сум направил добар избор пред 2 години.
Воедно и поминати 50.000 и сега сум на скоро 52.000 после 2 години 2 месеци во моја сопственост. Уште 8.000 и втор редовен сервис.
Неколку фотки колку да остане во сеќавање.
edit: Едно кратко видео во fast forward како тоа изгледаше.
Not a valid vimeo URL