јас се што сум зароботил сум вложил во овој бизнис,и сум спремен со сета опрема како што доликува на еден професионален детаилинг центар.Нема да застанам тука, ама нема ни да дозволам да некој погрешно да ви сервира информации за детаилинг,ќе се конфронтирам со сите што зборуваат неправилно за детаилинг.
Секоја чест за одлуката да ја инвестираш заработката во бизнисот кој што го работиш.
Денес живееме во свет каде што информациите се достапни многу лесно преку интернет. Секој може да направи споредба на тоа што се нуди на пазарот во секоја област и да направи споредба што е добро, а што е лошо.
Од лично искуство можам да кажам дека, оној момент кога ќе почувствуваш дека си го достигнал врвот и дека си најдобриот е уствари моментот кога почнуваш да паѓаш и губиш допир со реалноста. Сите што одлучиле да се бават со било каков бизнис, мора да знаат дека "бизнисот" постоел и пред нив и ќе постои после нив. Ако не се адаптираш на пазарот, барањата на потрошувачите и најважно на критиките, губиш. Ама губиш без да си свесен дека тоа ти се случува.
Нај добронамерен совет до сите засегнати детајлери во темава од моја страна е да си ја посветат енергијата на работата, квалитетот на извршената работа, на чесниот однос со клиентот.
Нема потреба од докажување кој е најдобриот. Најдобар нема. Резултатите и задоволните клиенти ќе си го кажат тоа што пробувате со сила да го наметнете низ темиве.
Искрено ако споредам како работат детајлери во Србија, Грција и Бугарија, тука сите сте аматери.
Знам дека зборот "аматери" ви го погоди егото додека го читате ова, ама егото е тоа што ве прави да летнете во облаци само затоа што сте добиле 20, 30, 50 пофалби од задоволни клиенти.
21 век е сите имаме интернет, и нема потреба од бранење занает или заштита од погрешно информирање. Никој од вас не станал детајлер затоа што гледал многу клипови на Youtube. Ниту пак никој од нас обичните смртници што не сме детајлери нема да стане тоа ако види 5 клипови на интернет или ако купи професионална машина или средства за детајлинг. За да станеш професионалец треба убаво да се испотиш и да се надишеш прашина во гаража. Треба да направите војска од задоволни клиенти кои што ќе го шират зборот дека работата е добро завршена и дека сте професионалци.
Сите имате еден тон искуство во раце, кое што ви е доволно за да можете работата да ја работите со минимални пропусти.
Оставете сликите, клиповите и позитивните искуства на клиентите да ве фалат колку добро работите. Ние како потенцијални клиенти ќе одлучиме кој ќе заслужи да ја добие довербата да ни го среди возилото како што треба.
Немам намера горе напишаните зборови да ги посвенувам на никого, намерно ги пишав во множина за да можат сите засегнати да се пронајдат во нив.
Го одбрав последниот пост на Дарко за реплика затоа што читајќи ја темава неколку страни поназад, добив впечаток дека Дарко нај ревносно се обидува да ја оправдува и брани одлуката дека одлучил да биде детајлер и дека инвестирал многу во бизнисот.
Дарко, друже, работи, ставај слики на фејсбук, инстаграм, форумов и терај. Ако некој праша за совет, ако имаш време одговори му. Понекогаш тишината е злато. Остави делата да зборат за тебе.
Поздрав.