Деновиве го возам новото Ц3-че.
Citroen C3, во највисокото SHINE ниво на опрема, со 1.4-литарски BlueHDI турбодизелче (треба да проверам само точно која верзија е).
Многу кул изгледа, од скоро секој агол. Citroen се враќа кон своите корени и кон она што го прави најдобро. Одлично изгледа во бела боја со црвениот кров и црвените детали.
Ентериерот е фанки, со интересни детали и генерално океј пластики. Седиштата се малку чудни на изглед, ама многу, многу, многу комотни.
Моторчето е повеќе од доволно за вакво количе. Потрошњата не мрда нагоре од 5.9 од кога ја земав јас колата, а возено е исклучиво низ град.
Ако некој нешто го интересира, бујрум.