Кога читам аргументиве на форумов, ако може и така да се наречат од едната и другата страна, ми се плаче. Значи зимате во предвид она што само на вас ви оди во прилог. На пример постирање на скрин шот од видео.
На кој друг начин можеш да коментираш трка од Формула 1 на форум за автомобилизам, освен со текст и слика?
Ако не па, просветли не со некој нов начин на комуникација на форумов, за да можеме да го применуваме и да не ти се плаче.
Незнам како воопшто дискутираме на форумов за Формула 1. Да се префрлиме во темата за освежувачи за во кола и да објасниме со слика и текст како мирисаат.
Или давање значење на одреден момент од трката на сметка на нешто друго. Но, ако се земат работите во предвид и во целина со тоа што беше при самиот крај на трката, како тоа се направи, јасно е како ден дека Верстапен си ја заслужи казната.
Не станува збор за тоа дали Верстапен си ја заслужил казната. Ја заслужил.
Зашто не ја заслужи, Хамилтон, Грожан или кој и да беше друг од скриншотите погоре.
Сите тие во маневар на престигнување добија предност со возење надвор од патека. Не само на трката во САД, и на неколку други трки во сезонава.
Зашто има ФИА правилник? Ако се побуни некој ќе идеме по правилник, ако си ќутат тогаш правилата може да се кршат.
Или казнувај се по ред, или не казнувај селективно.
Исто како во сингапур што ветел лаком гз трагедија поради своја лакомост се посра, а тука се утепавте од јадење трици како Верстапен бил крив, а на крај никој не попи казна, очекувано.
Незнам како ова во Сингапур има врска со тоа што го направи ФИА за Верстапен во САД, ама како што кажа.
зимате во предвид она што само на вас ви оди во прилог
така и ти во оваа ситуација зимаш во дискусија тотално нерелевантен податок и не гледам некоја поента на тоа што го кажа.
Ветел направи грешка која ја плати со титула. Верстапен направи грешка како и неколку други возачи во трката, ама казната ја изеде само тој. Во случајот другите поминаа неказнети.
Ако 10 возачи направеле иста или слична грешка т.е. предност во останатиот дел од трката не ви дава директно за право да се каже дека и на Верстапен требаше да му се прости. Неможе да се најде одговор на прашање кога се зема само мал дел во предвид.
Не требаше на Верстапен да му се прости. Ако 10 возачи направиле иста или слична грешка, треба сите 10 да бидат казнети или никој да не биде казнет. Правилниците на ФИА треба да важат за сите. Ете Хамилтон го помина Ветел нелегално, можеше да добие 5 секунди казна исто како Ветел, ама бидејќи како и да е тие 5 секунди немаше да им донесат ништо на Ферари, ниту Ферари се бунеа, нити пак ФИА се реши да казнува.