И? Нема коментари од анти-фераристите за казната за Макс? Чудно...
Јас мислам дека убаво си ја „засече“ кривината, и стекна предност вон стаза, и со сите 4 тркала беше надвор од стаза. Казната е оправдана, но мислам дека не заслужена. Заслужи да биде на подиум.
Ем малце се „посра“ со изјавата на крај, дека се надева дека публиката следната година нема да дојде во Остин и да гледа F1.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Јасно е како ден дека ФИА ги тинтра Ферари, и им прогледува низ прсти. Па не дај боже, Ферари да се пожалат дека некое правило е прекршено, одма пресудуваат во нивна корист.
Еве извадоци од вчерашната трка на која сите сечеа кривини за да добијат предност, само што Верстапен мора да го јаде, затоа што ги посрамоти Ферари на три кривини пред крај на трка.
1. Ветел го поминува Хамилтон, во прв свиок, сече свиок, добива предност на ист начин како што Верстапен го помина Раиконен.
2. Рандом неферари возач, поминува рандом неферари возач
Одговорен стујард за вчерашната трка беше Мика Сало
Да, истиот Мика Сало што е на следнава слика.
Верстапен со право ја даде изјавата на крај, затоа што очигледно само тој има муда да збори јавно за непотистичкото однесување на ФИА во изминатите 10/15 години.
Дополнително потсетувањето преку радио до Раиконен, дека Ветел е зад него (за да му дадат до знаење дека треба да го пропушти) е само еден од спектаклите што публиката едвај чека да ги види.
Брука невидена.