Автономните возила не треба да донесуваат олдуки исклучиво од сопствени сензори.
Потребно е да се направи инфраструктура со која истите возила ќе можат да се наведуваат по одредени рути во урбани средини.
Автономноста не подразбира сензори, жироскопи, и софтвер со комплициран алгоритам кој што треба да донесе одлуки кои треба да ги имаат возилата.
Кога би имало инфраструктура која ќе ги раководи сите овие возила и содветно на тоа ќе го наведува текот на сообраќајот ќе се овозможи подобра ефикасност на возилата, помалку застој и пократко време за патување. Сето тоа во комбинација со сензорите и софтверот во возилата ќе создаде систем за автономен сообраќај кој ќе биде во огромна мерка независен од човечки фактор.
На пример, доколку има систем за евиденција на гужви по раскрсници кој во исто време може да мери проток на возила во минута, истиот тој ќе може да ги информира сите останати автономни возила кои ќе се движат по таа рута дека пропустивоста во одредена точка од трасата е помала, и дека ќе има застој или побавно движење. Во исто време ако системот утврди дека голем број на возила треба во ист момент да преминат низ точката на застој и со тоа ќе го стопираат сообраќајот, тогаш тие возила кои што тргнале по таа рута може да ги пренасочи по споредни рути со цел да не се створи дополнителен застој и да се добие повторно непречен тек на сообраќајот.
Тоа е суштината на исклучување на човечкиот фактор. Сите знаеме дека во 16:30 пред НБРМ на семафорите е гужва, и сите повторно идеме од таму. И чекаме во гужва, затоа што е гужва. А гужвата ја правиме ние затоа што не сакаме да возиме 2-3 километри плус за да ја одбегнеме гужвата.
Редовно има црепови кои што на полно црвено поминуваат раскрсница и чекаат со возилото на сред раскрсница и во исто време ги блокираат другите учесници во сообраќај кои што имаат зелено светло и треба да тргнат.
И да не редам сега примери....