Автономните се веќе постигнати на доволно ниво да можат да возат меѓуградски. Тоа не е спорно, веќе многу се користат по патиштава од Теслите. А има и други полоши системи. Тие што се со GPS испомош се веќе супер, а тие што се само на камери како на Волво с90 не се сјајни.
Сега ќе се цеди пара на тие работи од производителите за да може да кешираат на таа технологија. Веќе е готова само да се користи. За Скопје-Халкидики или Скопје-Виена нема потреба веќе да се вози кога и онака е страшно досадно на автопат да одржаваш брзини. Нема некое уживање во корекција на правец 10 саати.
Од друга страна сега предизвик е да се воведат градски системи. Тие не се оперативни, ама ќе бидат. Поентата е да се исфрлат сите семафори или да се заменат со кружни текови и да се дешава ова:
Наместо ова кое сега се дешава:
И кое очигледно не функционира во ниеден град со над 8 жители на планетава.
Ќе дојде неизбежно. Зошто компјутерите ќе може да возад подобро, поефикасно, и пред се побрзо од луѓето.