Автор Тема: Suzuki Swift  (Прочитано 31762 пати)

Присутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #105 на: 25 Март 2022, 00:26:26 am »
Безвременски дизајн, секоја чест друже една од најубавите коли на форумов.

Sent from my HRY-LX1 using Tapatalk


Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1384
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #106 на: 11 Јануари 2023, 22:39:49 pm »
Дечки, крајно време е да се преземе некоја акција во смисла апгрејд на механиката. Би почнал од мотор. Е сеа пошто ова е старовремски атмосферски многу можности не постојат. А како што сакам малку појак мотор најприродно би било engine swap.
Фабрички мотор на колава e
G13BA



1.3 8V, 68кс, 99Nm и SPI равод на гориво.

Се мислам на неклку опции па не ќе е лошо ако има некој упатен во оваа проблематика да помогне со совети, препораки и идеи. Моиве идеи/опции се базираат само на мои претпоставки и скромно читање по форуми а се следните

1. Мотор G16B



1.6 16V SOHC, 95кс, 133Nm и SPI развод на гориво.
Ова веројатно е најлесната опција бидејќи генерациски и мање више концепциски се исти моториве и би требало да биде plug and play. И скоро исто изгледаат веројатно цела периферија е иста. Овие ги имаше на седаните. Има кај да се најде моторов.
Предност поголема кубикажа и доста подобар торк, негативно не знам….

2. Мотор G13BB



1.3 16V SOHC, 85кс, 106Nm, MPI развод на гориво со маф сензор.
Малку по модерен мотор, го имаше во последните модели од оваа генерација на свифтови. Лесно можам да го најдам но за оваа операција ќе треба комплетно се од под хауба на донорот, претпоставувам инсталација и ecu што ја прави оваа операција по захтевна од првата а со тоа станува упитно дали вреди пошто перформансите и на овој мотор се ништо посебно, не верувам дека ќе биде голема разликата.

3. Мотор G13B



1.3 16V DOHC или попознат како GTI. 105кс и 113Nm
Знам дека сите би гласале за оваа опција и јас исто ама е малку трики. Моето сузуки има серво хидрауличен волан и клима кои што сакам да ги задржам. Ниеден Гти модел немаше тоа па се прашувам дали би се вклопило се тоа односно со колку мака би се вклопило. Второ за ова ќе треба комплетен донор пошто ништо не е исто. Има еден на оглас тркачки среден ни евтин ни скап, ама секако трансплантацијата би коштала.

Е сеа реално ме интересира што мислите? Има ли некој што се бави со оваа работа?
Сите информации се добредојдени….



« Последно менување: 11 Јануари 2023, 23:13:29 pm miksi »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #107 на: 11 Јануари 2023, 23:57:42 pm »
85ка сум возел во вакво сузуки, одличен мотор е издржлив, соодветен за тежината на возилото. Амаааа кога би се идело на свап, идеш само исклучиво со рил дил. GTI машина :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 498
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #108 на: 12 Јануари 2023, 00:50:19 am »
Промена на мотор би правел за да има осетна разлика во перфоманси, во комбинација со звук.

Според ова https://www.ultimatespecs.com/car-specs/Suzuki/5875/Suzuki-Swift-II-13-GTi.html, 3-тиот мотор до 100ка ќе оди за 8.6, таман да прави ќејф :)

2-мотор, според ова https://autodata.wiki/suzuki/suzuki-swift-iii-1-3-i-16v-86-hp/ до 100ка оди за 13.5... не вреди трудот ни парите за таква конверзија. Ако најдов точно инфо, дури и побавен ќе биде за пола секунда од тој што го имаш сега...

За 1-от мотор не најдов дата. Ако има перфоманси блиску ко 3-от, а многу полесно и поевтино за конверзија, тогаш тој, ако не, тогаш треба максимално ќејфот да се направи со GTI-то :)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #109 на: 12 Јануари 2023, 00:59:00 am »
Првиот мотор го имав во Сузуки Балено, 160.000км, никаков проблем, лагер само некој на каиш, у Сузуки бараа 200 еур, а на крај избиен стариот и сменет до СКФ за 200 денари. Моторот одличен во поглед на издржливост, за 900кг кола идеше фино, ама премногу беше меко Баленото за спортско возење.

Иако Баленото имаше повеќе сила кога  возев Свифт ГТИ се изненадив колку подобро идеше, ама беше и до меџачот и до суспензијата.

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 363
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #110 на: 12 Јануари 2023, 01:21:21 am »
Дефинитино 1.3 16в ГТИ, што ке ти и клима и серво ако ти е викенд ауто, ја би жртвувал се само под хауба да е 1.3 ГТИ!
https://www.youtube.com/watch?v=Ub4N3UlpII4
Видеово ми е ежење коа гледам како врти и иде свифтов гти , ако не е модификуван и нема некој компресор под хауба, сток вака да иде ондак тоа е тоа!


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #111 на: 12 Јануари 2023, 08:45:57 am »
некој турбо кит на постоечкиот мотор не е во игра?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #112 на: 12 Јануари 2023, 09:33:53 am »
https://www.car.gr/parts/view/328430100-pwleitai-kinitiras-suzuki-swift-gti-13i-16v-dohc-101hp-me-kwdiko-kinitira-g13b-90-96 - 100 EUR
https://www.car.gr/parts/view/323231926-kinitiras-suzuki-swift-gti-13cc-101hp-kwdikos-g13ba - 100 EUR


Не мора конкретно овие, ама во Солун сигурно има некој што ќе намести. @osmica8 треба да знае.


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3417
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #113 на: 12 Јануари 2023, 10:26:06 am »
Можеш и постоечкиот да го средиш да биде ептен респектабилен, а да ја задржиш оригиналноста на возилото.
- клипови 2ра специјала, 2ра зошто ќе биде подолготрајно така, а ќе добиеш на сила
- вентили од 1.6 усис/издув
- брегаста друга со поголем лифт, од catcams на пример по спецификација за тој мотор
- да се портуваат каналите на главата и минимално да се симне
- издувен систем без среден лонец, кој што ќе одговара на конфигурацијата на моторот
- олеснет замаец, не премногу, за да не дојде до дисбаланс на моторот
- некој тип на вбризгување што го вградуваат, а со подобри спецификации
- лагери на радилица нови
- полирање радилица и клипњачи до огледало изглед

Ова е вака што ми доаѓа на прва за постоечкиот мотор.

Секогаш постои опцијата и за турбо конверзија, само што тоа ќе кошта богами, и во МК тешко да го изведеш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #114 на: 12 Јануари 2023, 10:54:42 am »
Бидејќи буџетот не претставува проблем, единствено реално решение кое ќе вреди на крајот од денот е да се стави мотор од Хајабуса. Се друго нема некојоа голема логика и бенефит, а парите ќе се фрлат. Можеби ќе има нешто повеќе работа, но не е којзнае што. Секако ќе треба да се работи во Грција главниот дел.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3417
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #115 на: 12 Јануари 2023, 13:30:57 pm »
И што правиме кога ќе отиде на технички за регистрација?

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5461
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #116 на: 12 Јануари 2023, 13:51:55 pm »
И што правиме кога ќе отиде на технички за регистрација?
Ќе си го враќа фабричкиот, со малце пракса и дизалче  2 сати работа годината се трпат :]

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #117 на: 12 Јануари 2023, 14:25:51 pm »
И што правиме кога ќе отиде на технички за регистрација?
Ќе си го враќа фабричкиот, со малце пракса и дизалче  2 сати работа годината се трпат :]

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

И за некоја година да му дојде преку таквото и да ја видиме на оглас :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #118 на: 12 Јануари 2023, 14:34:14 pm »
И што правиме кога ќе отиде на технички за регистрација?
Истото што и со друг мотор.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3417
Одг: Suzuki Swift
« Одговори #119 на: 12 Јануари 2023, 14:55:45 pm »
И што правиме кога ќе отиде на технички за регистрација?
Ќе си го враќа фабричкиот, со малце пракса и дизалче  2 сати работа годината се трпат :]

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Нема да биде баш така, 2 часа работа, комплет други држачи ќе сака тој мотор, многу модификации ќе истрпи моторниот простор.

И што правиме кога ќе отиде на технички за регистрација?
Истото што и со друг мотор.



Кој ќе биде мотор кој што бил фабрички вградуван во истиот модел на возило.

Кој ќе му даде а-тест за таква преправка?