Не знам што ѓавол ме тераше да ги мењам здрави сијалички на шалтабла... Оригинал се бели со зелена навлака. Е пошто беа стари 25 години, навлаките ми се распаднаа кога пробав да ги извадам. Во продавничкиве за авто делови нема такви. Прво купив обични бели (жолти) и пробав со тенок слој зелена боја ама катастрофа, ич не светеа. После најдов едни зелени диоди ама тие не ја дисперзираа светлината убаво туку светеа точкасто, па испадна 20 да свети 40 и 60 не па 80 да свети и така... Од али порачав едно чудо разни диоди (сијалички нема ни навлаки ни бутур), ама курац сите лошо светеа. Пред некој ден ми стигнаа нови и се напнав одма да ги напраам кога оно пак курац, никако да погодам како фабричката боја... Потрагата продолжува. Станав експерт за растурање и склопување табла...
Инаку и друг заеб си направив со факин диоди, напред ги сменив позиционите со диоди, и у комбинација со средно светло се оригинал за у Љубанци. Утре ќе ги вратам обичните сијалички. Барем не е комплицирано на овие.
Е за крај да кажам дека за таблицата погодив. Шуќур едно... Добро свети...