Автор Тема: 1.4 Tsi 125кс  (Прочитано 7040 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #15 на: 06 Декември 2016, 10:39:09 am »
Зошто да не го вози на плин? :) Тешка егзотика е тси во ранг на Ферари F12 па демек ќе се осквернави со плин? :)

Мотор иштанцан во миљон примероци, направен за основен мотор во коливе. Јака работа за колекционери.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #16 на: 06 Декември 2016, 11:07:41 am »
Зошто да не го вози на плин? :) Тешка егзотика е тси во ранг на Ферари F12 па демек ќе се осквернави со плин? :)

Мотор иштанцан во миљон примероци, направен за основен мотор во коливе. Јака работа за колекционери.
1) Затоа што скапо ќе му кошта да се повози на плин ставен на тој мотор, а претпоставувам убо знаеш зошто. 2) Ferari F...дрн дрн искрено не знам што значи тоа  ;D а ако мислиш на некоја кола престижна тогаш компарацијата ти е многу наивна и ноншалантна!!!  Ферарите очите ни ги извадоа низ скопските улици  :o, следствено, да имавме таков висок стандард на живеење немаше да постои тука темата за плинаши и таа другата тема за потрошувачка  ;D така да тие коли шо ги имаме ги чуваме да не се ОСКВЕРНАВАТ  и остави ти го ферарито настрана, глеј си како викат другите форумџии косилицата да не ти троши многу  ;) а за овој почетникот форумџија како и претходно добар совет му дадов некој атмосферец и одма на плин и вози  :)
« Последно менување: 06 Декември 2016, 11:26:00 am Leon-cist »
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #17 на: 06 Декември 2016, 11:35:26 am »
треба да гледаш на плинот како на поеколошко гориво а не поефтино или осквернавено возило ;)

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13856
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #18 на: 06 Декември 2016, 12:14:42 pm »
Зошто скапо? 1000 евра?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #19 на: 06 Декември 2016, 12:19:15 pm »
треба да гледаш на плинот како на поеколошко гориво а не поефтино или осквернавено возило ;)

Никој не ставил плин заради тоа што сакал колата да му биде поеколошка. Сите што ставиле плински уред го ставиле за да им биде поевтино возењето, односно, за actually да си ги возат колите. Подобрата еколошка прифатливост на возењето а плинот е само позитивна нуспојава.

Зошто скапо? 1000 евра?

А тоа малку пари се? Плус, колку што памтам, системот пак мора да вбризгува околу 20% бензин.. Така да.. Плин на новите бензинци со директно вбризгување не се исплати баш.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10949
  • 430i
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #20 на: 06 Декември 2016, 12:33:25 pm »
и јас не знам зошто скапо  ???

64 ден. литар бензин
29 ден. литар плин

колата нели ќе троши 10 литра во град

640 ден. на 100 км за бензин

или 29*8+2*64=360 ден. ако го расплини, пошто ќе троши и бензин

640-360=280 ден. разлика на 100 км односно 1.400 ден помалку доколку полни резервоар после 500 пројдени километри

или месечно ако проаѓа 1000км, само на гориво заштедата е 2.800 ден. т.е. 45 евра

ако го земе системот на 2 години отплата, ратата ќе му биде заштедата за гориво, а после 2 години ќе вози поефтино




Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13856
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #21 на: 06 Декември 2016, 12:35:34 pm »
Малку пари се, ако купуваш кола да речеме од 8000-9000 евра. Имаш кола релативно малку возена за 10000 евра. Претежно повеќето не се над 100 000км (барем од она што имам видено).

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=2270372

еве еден рандом пример. Би имал кола circa 9000 евра, со 80000км и нов плински уред.

Мислам дека веќе не е таков системот со 20% бензин. Беше така на времето. Само не ме држете за збор.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10949
  • 430i
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #22 на: 06 Декември 2016, 12:41:31 pm »
таков е системот

за помалку од 10 бона имаш кола, турбо бензин со 60-80 иљади поминато и да има/нема проблем со затегач на ланче да го смениш од старт и да си накривиш качкет и да и ја уживаш сета опрема и перформанс и потрошувачка и ефтин плин

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг:
« Одговори #23 на: 06 Декември 2016, 13:35:38 pm »
Чистината на плинот е прекрасна и многу важна нус појава. Иако корисникот става за да му е поефтино, сите ние дишеме малку почисто.

Плинот овозможува да се намали купувањето стари и нови дизели кои загадуваат заради неговата ефтиност. А овозможува да се возат еколошки коли за ефтини пари.

Секаде кога бараш нешто еколошко тоа е поскапо, а во случајов е поефтино. Затоа е толку добро. Ти си штедиш а сите имаме бенефит! Особено за постари возила и дизели кои поминуваат многу км во денот низ град.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13856
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #24 на: 06 Декември 2016, 13:47:19 pm »
таков е системот

за помалку од 10 бона имаш кола, турбо бензин со 60-80 иљади поминато и да има/нема проблем со затегач на ланче да го смениш од старт и да си накривиш качкет и да и ја уживаш сета опрема и перформанс и потрошувачка и ефтин плин


http://www.plimont.com.mk/index.php?page=omegas_direct


Да, Omegas Direct!

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 774
  • .
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #25 на: 06 Декември 2016, 13:54:55 pm »
Зошто скапо? 1000 евра?
е не е баш така, комбинираниот систем на плин/бензин односно 70%плин и 30% бензин кошта 1400 евра, додека тој другиот систем на плин со директно вбризгување кошта 2400 евра плус на секои 20к некоја си пумпа за плин која се наоѓа во самата боца треба да се менува а тоа кошта околу 800 евра... овие се информации од инженерот во плимонт кој исто така во врска со потрошувачката тврдеше вака: Ако колата бензин трошело 8,5 литри градска вожња, тогаш со вграден комбиниран плин ќе ти троши 10 литри плин и 3 бензин што преведно во математика изгледа вака ( 10x29)+(3X62)=476ден. Додека само на бензин математиката изгледа вака (8.5X62)=544 ден, разликата е 68 денари.
Напоменувам ова се информации од плимонт кој се многу фер и ти ги кажуваат сите опции без разлика што тоа им е бизнис нивен...
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #26 на: 06 Декември 2016, 14:12:51 pm »
ако дадат субвенции ке си го земеш за 50% од цената. нели така најавуваа.

е сега зависно од км кои ги поминуваш на годишно ниво треба да видиш дали се исплати. Јас поминувам 20 илјади годишно. Јас ако има субвенција на цената би го ставил.

башка знаеш дека помалце загадуваш

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10949
  • 430i
Одг: 1.4 Tsi 125кс
« Одговори #27 на: 06 Декември 2016, 14:44:27 pm »
Зошто скапо? 1000 евра?
е не е баш така, комбинираниот систем на плин/бензин односно 70%плин и 30% бензин кошта 1400 евра, додека тој другиот систем на плин со директно вбризгување кошта 2400 евра плус на секои 20к некоја си пумпа за плин која се наоѓа во самата боца треба да се менува а тоа кошта околу 800 евра... овие се информации од инженерот во плимонт кој исто така во врска со потрошувачката тврдеше вака: Ако колата бензин трошело 8,5 литри градска вожња, тогаш со вграден комбиниран плин ќе ти троши 10 литри плин и 3 бензин што преведно во математика изгледа вака ( 10x29)+(3X62)=476ден. Додека само на бензин математиката изгледа вака (8.5X62)=544 ден, разликата е 68 денари.
Напоменувам ова се информации од плимонт кој се многу фер и ти ги кажуваат сите опции без разлика што тоа им е бизнис нивен...


не ми е за верување дека ако колата трошела 8,5 л/100, сега ќе троши 13