Јас го имам моторов у голф 5ка..
Као што напоменаја, имаат фабрички проблем на ланчето, поточно (tensioner), не сум сигурен како е на МК, но во тој зафат се менува од ланец до сите попратни делови. Скапа поправка и доколку се изведи професионално, не би требало да имаш проблем.
Овој проблем мислам дека во 5ка и 6ка е застапен. Колку што имам читано, во 7мица нема повеќе ланец, него ребраст каиш.
Од друга страна, моторот е перфектен, бар ја сум презадоволен. Има одлични перформанси, до сега не сум имал проблем на некоја угорница да осетам да нема сила, макар и при полна кола.
Потрошувачка грубо се движи од 6 до 7 и нешто, али не повеќе од 8 литри.
Мојот е со 6 брзински менувач, и не знам дали има изведба со 5 брзини, али ако има, барај 6так, пошто на 200км на час ќе се возиш на 4000 и нешто вртежи, а не во црвена линија.
Мислам дека ако планираш плински уред не ти е најдобар избор, како што кажаа погоре.