Ситреп:
За Мондеото никој не се јавува, нити одговара на мејл.
Волво В50 како модел е постаро. Најдов со 2.0 и 1.6 мотор. Она што мене не ми се свиѓа кај Волвото, е што има само 417 л багажник, што е малку ко за караван.
Најдов друг Меган, со 1.5 дЦи 110 кс, 118000 поминато. Од опрема има све, освен навигација. Иде со летни и зимски гуми, направен е голем сервис и има панорамски кров. Барана цена е 6000, и сериозно ме замисли...
Ако одиш на премиум ќе биде помало, како V50. Ако бркаш димензии гледај ги Mazda или Форд (од твојот избор). Со Megane каравен у двата критериума губиш. Волвото што си го видел внатре изгледа „бомбона“. И има мотор далеку подобар отколку да одиш на 1.5 варијантите. Иако Меганот е помала кола, кога ќе го наполниш до врв (а и сандак ќе ставиш веруј ми, па точаци на пета врата) ќе се осети сериозно.
Не барам строго премиум. Мазда има тенденции за корозија, особено на задниот дел и проблематични дизели. Како што реков, за наведеното Мондео никој не се јавува, а има уште едно со помалку опрема, и цена од 6250.
Моторите над 1.6 повлекуваат повисоки давачки при регистрација (особено дизелите), па треба човек и тоа да го размислува.
Може е Меганот помала кола, ама има сериозно голем багажник. Ако успевавме да тераме со Лансерот, и товарен, и нетоварен, со куфер на кров итн, а со 1.5 бензинец на плин, мислам дека Меганот у најмала рака, подобро би се снаоѓал на тоа поле.