Џелоу пипл... Пошо Сер Лансерот го дадовме у друга фамилија, треба да избереме нов член на нашата. Станува збор строго за караванска изведба на возило и се преферира дизел мотор, но и бензинец не е на одмет (само што ги нема многу асолни по огласи).
Буџетот е некои 6500, кој може да се оптегне максимум до 7000, ако станува збор за ептен добра понуда. Барам модели после 2006 година, со максимум 200000 км, со
мануелен менувач. Битна работа ми е да има мултифунк. волан, темпомат и да е минимум Еуро 4. Пошто е караван, не е на одмет да има голем багажник (не сите каравани го имаат ова, што е малку чудно).
Потребна ми е помош поради потреба од веродостојни, издржани информации за издржливост и квалитет на некое од возилава.
1.
Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium X (12/2008, 151000 km, 7000 Е)
- не ми се свиѓа ентериерот, ама ми се свиѓа све друго и највише ме влече. Доколку спуштат на цена, онда би бил ептен сериозен конкурент.
2.
Renault Megane III 1.9 dCi (05/2010, 144000 km, 5880 Е)
- одлично изгледа, многу привлечно возило, веќе преговарам да одам да го видам.
3.
Mazda 6 2.0 CD DPF (09/2008, 169000 km, 6000 E)
- солидна километража, одлично изгледа на очајниве слики. Шубе ми е од случаите што ги читам на нет за проблеми со DPF-от. Побарав подобри слики, немаат, викаат и овие биле добри.
4.
Renault Laguna 1.5 dCi (12/2009, 112000 km, 6350 Е)
- со раткапни е, и поради тоа не е баш лична, иначе е океј. Мислам дека моторот е слаб за возилото. Верзиите со 2.0 дЦи се драстично поскапи.
5.
Volvo V50 2.0 D (06/2006, 173000 km, 5900 Е)
- малку застарен модел, ама одлично сочуван. Голема негативност е малиот багажник, особено како за караван.
6.
Peugeot 308 SW 1.6 HDi (01/2009, 84000 km, 5000 Е)
- гангрена на лик, ама изузетно практична кола, со многу погоден мотор. Панорамскиот кров е лудница, и за мене барем, главен selling point.
Има уште еден Меган 1.4 ТСе со 195000 км и Пежо 308 со 1.6 ТНР (124000 км) што ми се (мање-више) у игра. Меганот има солидна километража, додека на Пежото му бараат скоро 7000 евра.
Е сеа, ќе ве молам за веродостојни информации во врска со мотори, издржливост, сервиси (сервисни интервали и чинење), или било какви други информации кои би биле од корист. Доколку некој мисли дека има подобар предлог, нека го сподели. За тие што ќе бараат на мобиле.де, нека го користат 48249 со округ до 100 км, пошо не ми игра улога ако колата е на 600 км од мене (мада поприлично ми е истражена понудата до сега).
- Не барам 1.6 или 2.0 TDI мотори во било какво пакување, поради хорор сториите за пумпа за масло, сензори, чуда, врагои...
- Не барам BMW 3ка, пошо ако е асолна, ќе ми биде далеку од буџетот.
- Не барам Opel Vectra, Signum или Astra H.
- Не барам Alfa 159, пошто е непрактична. Да бирав по лепота, немаше друго да барам, ама не бирам првенствено по лепота (мислам побогу 308ца ми е у игра...). Алфата има висок раб и неправилен отвор на багажникот. Not what you want in an estate.
Однапред ви благодарам за учеството и соработката
