Еве и јас да се надоврзам за муабетот. Истата дилема ја имав и јас. Астра вс Елантра.
Во Опел беа многу коректни. Поготово дечкото кој ми ја спремаше понудата. Јас не криев и реков дека максимум давам 14 500 во тоа време за кола. Опрема најмалку што би требала да ја има колата е 1,6 мотор и горе доле опрема која ја има елантрата.
Неколку комбинации беа во игра во која што последна комбинација на Опелот рекоа дека ке ми монтираат плински уред, но опремата беше цело ниво пониско од Елантрата.
Инаку стануваше збор за 1,6 атмо мотор со 115 кс.
Елантрата има исто така 1,6 мотор и 132 кс, а потрошувачката е малку поголема од таа што ја кажувате.
На борд и на отворено при брзина од 120-130 км/ч покажува околу 6,2 до 6,4 л потрошувачка на 100 км, а реално кога ке дополниш и примениш просто тројно правило, изнесува околу 6,8-6,9 л на 100 км.
Не е многу , но сепак не е колку на борд. Ако возиш со поголема брзина, 140-150, потрошувачката се зголемува и изнесува по борд 6,7 по борд, или пак 7 - 7,5 реално.
Во град летно време потрошувачката со најнормално возење не поминува 8л а во зимо истата на борд изнесува од 8,5 до 9,5л.
Со оглед на тоа дека релацијата која ја возам е 3,5 км, до работа и назад, потрошувачката е и очекувана.
Во темата за мојата елантра имаш и слики и фотографии за потрошувачка и просечна брзина на возење.
Еве најтазе податок, со возење на отворен пат, односно Скопје, Белград и некаде до пола пат, поминати 610 километри до светење. Не го дополнив до крај за да знам колку литри беа вкупно. На борд ми покажуваше 6,4. Од тие 610 километри, околу 30 беа поминати во град.