После долго размислување и барање на стари коли одчив да додадам уште некое евро и да земам нова кола, веројатно на лизинг. Во моментов ги разгледувам сите опции што се нудат кај нас и барам нешто на промоција со прифатлива цена и бар нешто опрема повеќе од моменталнава вектра што ја возам.
Сите коли во овој ценовен ранк се бензинци и ке се става плин. Еве што имам во предвид.
Опел Астра седан е моментално на промоција и со 2 ниво на опрема со мотор со 1.6 i 115ks е околу 13.000. Ја гледав и најновата Астра ама цената е многу јас мислам за тоа што нуди во споредба со оваа Астра седан што е на промоција.
Hyndai i30 го има моментално за 11000е на промоција и со послаба опрема од Астра и со 1.4/5 DOHC 100ks.
Kia Ceed моментално на промоција од 13000 со 2 ниво на опрема и 1.4 CVVT 100ks.
Suzuki Baleno моментално имаат промоција на хибрид верзија за 13500 со 1.2 90кс и најака опрема кај нив.
Буџетот ми е до 13000, би одел и до 15000 ако стварно прави голема разлика.
Ваши совети мислења за овие модели, добри лоши страни ?