Автор Тема: Gofl MK6 1.6 TDI совет  (Прочитано 18743 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Gofl MK6 1.6 TDI совет
« на: 18 Октомври 2016, 09:32:34 am »
После долго барање се одлучив за Голф 6 1.6 тди 105 коња 2010 година. Овие денови треба да го носам во сервис и да детално да го проверат. Голфот има околу 160к пројдено и е добро сочувам визуелно. Ако пројде добро на сервис 99% го купувам. Ме интересира што да се гледа кај овој модел и што најчесто има дефекти. Во смисла да се проверат дизни, турбина и такви работи.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #1 на: 18 Октомври 2016, 09:53:38 am »
Моторот.
Ако можиш да го смениш, најдобро.

Гледај да не троши повеќе од 5.4 во просек.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #2 на: 18 Октомври 2016, 09:58:32 am »
Моторот многу го зборат дека не чини. Затоа ваљда и го продаваат.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #3 на: 18 Октомври 2016, 10:02:16 am »
Зошто не чини моторот, што поточно ?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #4 на: 18 Октомври 2016, 10:03:47 am »
Првата серија на 1.6 TDI мотори знае да биде проблематична, и мислам дека баш 2010 беше прва година за 1.6 TDI во Голф 6.

Секако, како и кај секој половен автомобил, многу поважно е тоа како е одржуван самиот автомобил, од тоа каква репутација има некој специфичен мотор. Штом има поминато 160.000, мислам дека моторот би требало да е океј, пошто обично ги јавува проблемите порано ако воопшто ги јави.

Однеси го во саглам сервис на проверка (јас го препорачувам Митревски во Припор како независен и квалитетен мајстор за VW групација) и ако ти кажат дека колата е во ред, терај. Секако, треба да се провери турбина, дизни, EGR, DPF и уште неколку ситници. EGR и DPF се исклучуваат/вадат ако се проблематични, тоа може да се среди во Автотек.

Ако е колата огласена на некој од сајтовиве, дај да ѕирнеме, па може и ние нешто да ти сугерираме.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #5 на: 18 Октомври 2016, 10:14:46 am »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #6 на: 18 Октомври 2016, 10:40:11 am »
На сликиве изгледа океј. Опремата е добра. Маааааааалку ми е чуден задниот дел - Highline опрема повлекува и темни штопови, а кај овој се обични (односно, дури ми изгледа како внатрешните половинки да се темни, а надворешните светли). Плус, како да ми фали TDI ознаката на гепекот.

Како и да е, нека го ѕирне добар мајстор.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #7 на: 18 Октомври 2016, 11:21:31 am »
Пази потрошњата во град да е околу 6.5, а не +8. На 120кмч да е околу 5 литри, а не +6.5.

Тоа во голема мера ќе каже.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #8 на: 18 Октомври 2016, 13:11:46 pm »
Моја препорака да не го носиш на сервис во Куманово.

Баш тој сервис во Куманово го оцени Голф 6 1.6 на пријател како ОДЛИЧЕН и без додатни сервиси. Додека во Скопје му сменаа замаец и што уште не.
Тој голф си трошеше како што вика Дени, тро поќе.

Баш толку киломентри имаше поминато 140 - 150 000.
Нов купен, прв газда. Пазен, мазен во овластен цело време.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #9 на: 18 Октомври 2016, 14:07:18 pm »
Мислам дека нема да се согласи сопственикот да го шетам по Скопје по сервиси. Ке го проверам во овој и уште кај еден мајстор. Ке проверам и потрошувачка како е.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #10 на: 18 Октомври 2016, 14:10:15 pm »
Ако е сигурен во тоа што го продава, ќе се согласи каде сакаш да го носиш. Може да се дог, ако не го купуваш ти да ги платиш патните трошоци, ако го купуваш тој.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #11 на: 18 Октомври 2016, 14:24:38 pm »
патните трошоци се најмал проблем во целата работа. Само што Зератул алудира дека можеби е плеснато од позади. БНе дека треба да се паѓа во несвест ради тоа али да се знае и да се лапне попуст ради тоа...

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Gofl MK6 1.6 TDI совет
« Одговори #12 на: 18 Октомври 2016, 14:30:31 pm »
Кој сервис го препорачувате во Скопје ?
Еве една слика од колата од позади. Не е исперена колата ако може нешто да се види.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #13 на: 18 Октомври 2016, 14:42:56 pm »
Да, дефинитивно се различни штоповите - внатрешниот дел е затемнет, надворешниот дел е обичен. Не мора да значи ништо, ама најверојатно е удрен позади.

Како што веќе пишав, во Скопје го препорачувам Митревски.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг:
« Одговори #14 на: 18 Октомври 2016, 14:50:47 pm »
Може контакт од Митревски да видам ако може и кај него да го проверам.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk