Сеа ќе ти кажам.
C класа Мерцедеси особено од ова генерација, се екстремно евтини за одржување. Затоа и се возат толку.
Само тргни од фактот што имаш само еден каиш
Предницата им е добра и евтина ако не дај боже треба да ја смениш (околу 250 евра за солиден бренд на предница).
Делови има со лопата да риниш и ќе има наредните 10-15 години во изобилство.
Моторите се докажани и покажани особено е добро што е C200D бидејќи е најмалку форисиран модел (а тоа значи и поголема вечност).
Километражата ти гарантирам дека е најмалку 450000км (можи и повеќе), но ретко кој дизел сега не оди 1 000 000 км ако е правилно оддржуван, а тоа важи и за овој мотор.
200/220CDI ги вртат како ништо преку 1 000 000км без оф да речат.
Повеќе проблем се оние пропратните елементи што откажуваат кога најмалку треба, особено со возила над 12-13 години старост (онака rule of thumb ова).
За фокусот 1.8 TDCI немам слушнато многу пофални зборови. 1.6 TDCI да, ама 1.8 не.
Разгледај и други опции.