Дизел моторот што е вграден во сите крузеви за Европа е производ на VM Motori кои се дел од Fiat Chrysler Automobiles S.P.A. додека моделот на GM досега го немам сретнато во ниту еден круз. GM-овиот дизел е 1998 кубни сантима и развива 168 кс, за разлика од фиатовиот кој е 1991цм3 и снага до 150 кс. Опелови се екотек бензинците со зафатнина од 1.4, 1.6 и 1.8 литри, а дизел моторот за азискиот пазар го испорачува Исузу и е со 1,7 зафатнина. Од 2014 година оди ребеџиран мултиџет 2-ка, кој е на апсолутно истата платформа со претходникот од ВМ. Подвозјето е комплетно шевролетово, единствено кабинската шасија ја позајмува од опел астра. БајДВеј моторот нема CDTI ознаки како што има во Опеловите модели, туку VCDI RA 420 SOHC. Од овој мотор има варијанта со 120 кс и со 150 кс, од кој 120-ката нема интеркулер.
Дизел моторите што ги произведува ВМ се прва лига.
Не би го исклучил Шевито од игра особено не за голф што би бил и некоја година постар и некоја иљадарка повеќе возен, на страна што Крузот има поактуелен дизајн него ли Петката на пример.