Автор Тема: Бебешко/детско седиште за во кола  (Прочитано 52283 пати)

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #105 на: 27 Февруари 2018, 07:42:24 am »
Дека ние израснавме возејќи се во детски седишта, и дека колите тогаш беа тестирани на NCAP и дека беа закопчувани со isofix, без тоа никако не ги купувале...
Ама да, тогаш беа други времиња.
Тогаш луѓето возеа со памет, сега возат со купени дозволи.
Точно...

A pred 100 godini nasite pradedovci da ne proveruvale NCAP na konjite.....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #106 на: 27 Февруари 2018, 07:44:49 am »
Абе до неодамна мислеле и дека пуштање крв е валиден медицински третман, па ете, сме мрднале малку напред...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #108 на: 27 Февруари 2018, 08:44:32 am »
Дека ние израснавме возејќи се во детски седишта, и дека колите тогаш беа тестирани на NCAP и дека беа закопчувани со isofix, без тоа никако не ги купувале...
Ама да, тогаш беа други времиња.
Тогаш луѓето возеа со памет, сега возат со купени дозволи.
Точно...


Изразнавте во коли кои немаа појаси се уште. Кога имаше само едни гуми (балони). Кога максимална брзина на движење беше 100- 120км/ч, а просечна брзина 60- 65км/ч. До Охрид патувавте 1 ден. Кога кочниците беа 20% од тие денес. Кога вкупно возила во населбата беше: 5.

Вози по овие услови и денес и нема да ти треба ни појас ни седиште, ниту па гуми.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #109 на: 27 Февруари 2018, 16:26:08 pm »
Дека ние израснавме возејќи се во детски седишта, и дека колите тогаш беа тестирани на NCAP и дека беа закопчувани со isofix, без тоа никако не ги купувале...
Ама да, тогаш беа други времиња.
Тогаш луѓето возеа со памет, сега возат со купени дозволи.
Точно...


Сигурен сум дека многу деца у државава сеуште растат стоејќи на предно сувозачко седиште, неврзани стоејќи помеѓу предните две седишта, и со родители на кои не им е гајле дали се тестирани колите на NCAP, најчесто двајцата со цигара у уста и затворени прозори додека се возат.

Ама не сум сигурен дека сакам моите деца така да растат.

Пушењето во кола не е здраво за децата. Тоа мора да го решите под итно :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #110 на: 27 Февруари 2018, 18:57:30 pm »
Вози по овие услови и денес и нема да ти треба ни појас ни седиште, ниту па гуми.

Не треба да се заборави дека ако ние пазиме, возиме по правила и прописи и закони, другите не возат. Затоа, појас, седиште и се друго од безбедносен аспект е пожелно.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #111 на: 16 Април 2018, 09:33:30 am »
Затоа што периодов сакам да патувам со детето ќе ми треба седиште од 0+ затоа што е скоро 3м и 4,5кг и не смее да седи. Имам транспортер што доаѓа со количката ама не ми се допаѓа положбата на детето во него и мислам дека од 2ч повеќе не смее да седи во него. Има ли добро седиште за мојов случај, без разлика на цена или мора да е со транспортер?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #112 на: 16 Април 2018, 09:40:58 am »
Чинам дека мора да е во транспортер пошто е мало и не може да седи.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #113 на: 16 Април 2018, 09:46:34 am »
Јас имам овакво. Од 0-12 месеци ама реално мислам до 9 месеци е идеално. Задоволен сум.

http://www.maxi-cosi.com/car-seats/pebble-plus.aspx

Ама ова ти е транспортер, незнам за какво седиште прашуваш. Знам имаш колички од чико и пег-перего каде што самото креветче за бебето може да се користи и како транспортер ама реално 2 седишта ќе ти одземе и малце е проблематично за монтирање.


Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #114 на: 16 Април 2018, 10:20:44 am »
http://www.encimenci.com.mk/oprema/sedista-za-avtomobil/za-deca-od-0-18kg
Ova se sedista sto mozes da gi koristis od bebe do otprilika 3 godini.
No povtorno doagja ista polozba kako vo transporter koga ke go navalis sedistevo, a vekje imas transporter. Ne bi ti bilo mnogu podobro.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #115 на: 16 Април 2018, 10:32:56 am »
Транспортерот од maxi cosi е 14000ден, тој е анатомски ама ми се виде многу скап за до 6-7 месечна возраст. Ќе имам утре околу 300-400км за возење па ќе видам како ќе поминеме, кога ќе почне да седи веднаш ќе преминеме на седиште, се надевам за 3-4м :) тогаш и 400еур би дал затоа што ќе се користи неколку години.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #116 на: 16 Април 2018, 11:47:34 am »
Слободно транспортерот да си го користиш

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #117 на: 16 Април 2018, 12:04:18 pm »
Дека ние израснавме возејќи се во детски седишта, и дека колите тогаш беа тестирани на NCAP и дека беа закопчувани со isofix, без тоа никако не ги купувале...
Ама да, тогаш беа други времиња.
Тогаш луѓето возеа со памет, сега возат со купени дозволи.
Точно...


Изразнавте во коли кои немаа појаси се уште. Кога имаше само едни гуми (балони). Кога максимална брзина на движење беше 100- 120км/ч, а просечна брзина 60- 65км/ч. До Охрид патувавте 1 ден. Кога кочниците беа 20% од тие денес. Кога вкупно возила во населбата беше: 5.

Вози по овие услови и денес и нема да ти треба ни појас ни седиште, ниту па гуми.

Незнам каде на патиштата во Македонија е брзината на движење поголема од 120 км/ч.
Тоа што има секакви гуми, е само позитивна работа. Значи безбедноста е подигната на повисоко ниво.
Ако си патувал до Охрид еден ден, тоа не значи дека и другите патувале до таму еден ден. Можеби патувале на многу други места, за кои вие во тоа време не сте ни чуле (ако треба да се вреѓаме)
Исто така ако кај вас имало 5 возила, кај мене во улица имало само 15, така да и ова ти е повторно тенденциозно без никаков аргумент.
И повторно, доколку возиш и ти и сите останати според правилата и прописите, сообраќајките ке бидат намалени од 100 на ден на 2 до 3 на ден.

И така :D
Поентата на муабетот многу малку кој ја свати, а грото кои најмалку возат, се наоѓаат да бидат прозвани.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #118 на: 09 Мај 2018, 11:14:56 am »
Ако некој е за купување на седиште за дете за во кола. Во рамстор имате Chicco 1-2-3 група за 6600 ден.
Вака на прва, солидно ми изгледаше.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Бебешко/детско седиште за во кола
« Одговори #119 на: 09 Мај 2018, 11:49:00 am »
Затоа што периодов сакам да патувам со детето ќе ми треба седиште од 0+ затоа што е скоро 3м и 4,5кг и не смее да седи. Имам транспортер што доаѓа со количката ама не ми се допаѓа положбата на детето во него и мислам дека од 2ч повеќе не смее да седи во него. Има ли добро седиште за мојов случај, без разлика на цена или мора да е со транспортер?

Само еден муабет од гинеколог ќе ти кажам кога истото прашање му го поставив:
„А бебето кога е во стомак кај мајката во каква положба е?“

Има зошто транспортерот е обратно свртен и има зошто бебето е во U форма на седење. Најголемо внимание на ова посветуваме а не на тоа дали транспортерот е добро прицврстен, бебето дали добро е врзано и дали е хоризонтално поставен транспортерот.