Автор Тема: Совет при избор на прв автомобил  (Прочитано 3417 пати)

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Совет при избор на прв автомобил
« на: 15 Септември 2016, 11:20:20 am »
Здраво на сите... Нов шофер сум и сега сакам да се подновам со едно количе. Пошто не се разбирам многу може било кој да ми помогне околу изборот. Вака од око ми се свиѓа Фиат Пунто...Може да предложите и нешто друго доколку сте имале добри искуства. Сакам нешто до кај 2200 евра да ме фати со сите трошоци.... Мала потрошувачка да има и тоа е тоа...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #1 на: 15 Септември 2016, 11:24:44 am »
Здраво,

Пиши повеќе информации, дизел или бензин? Да претежно градска или отворено возење? Потреби од простор?
Имаш бајаги избор, Пунто, Корса, Фиеста, Цитроен Ц1/Пежо 106/107, Спарк, Матиз, Фелиција сочувана. Држи се до таа димензија на кола. Имаш во таа цена и поголеми возила ама све тоа е тежок крш (не дека ова не е ама не е до толку). Ориентирај се према висината на цените кога тие возила биле нови. Едно е кола од 8000 евра кога била нова сега да ја земеш за 2000 евра а друго е кола од 15.000 сега да ја земеш за 2000.

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #2 на: 15 Септември 2016, 11:34:32 am »
Дизел. Претежно градска али чат пат сакам да ја повозам и на отворено да прошетам малце. За простор не ми е битно. Од овие што ми ги кажа многу луѓе ме посоветуваа да не зимам француски коли оти многу често знајале да се расипат и деловите биле поскапи за разлика од овие другиве..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #3 на: 15 Септември 2016, 11:50:40 am »
многу луѓе ме посоветуваа да не зимам француски коли оти многу често знајале да се расипат и деловите биле поскапи за разлика од овие другиве..
Многу луѓе не знаат што зборуваат. Тотални глупости. Јас сум имал и Француски и Германски и Корејски возила, цената на сите е иста, буквално нема значајна разлика. Јапонските оригинални делови се само поскапи иначе другиве не се.
Те советувам да бегаш понастрана од дизел ЗА тие пари. Тоа па е ептен крш, не сакаш таква беља да си купиш. Гледај малолитражни бензинци, па по потреба ќе си ставиш плин за да можеш да тргнеш некаде на пат и уопште да не мислиш на трошоците.

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #4 на: 15 Септември 2016, 11:54:24 am »
А гледам дека бензинците се поефтини, по нови и по сочувани. Сега потрошувачката ќе биде поголема али тоа е. Е сега незнам како се со деловите...

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #5 на: 15 Септември 2016, 11:56:41 am »
Плинче на пунтото и пичи.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34290
  • Таков е животот... јебига
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #6 на: 15 Септември 2016, 12:02:55 pm »
Не се замарај премногу со деловите ти велам. Гледај да е возилото генерално во добра кондиција, да е предницата здрава и задниот трап. Исто гледај околу моторот, ако е гланц чисто тогаш е сумјиво, сигурно е перен а е перен заради течење на масло, иначе нема никаквапотреба мотор да се пере.

Гледај каков е воланот на пример, сумјиво е да видиш нов волан во старо возило, значи било лупнато и смениле волан сосе airbag. Ако имаш време исто така погледнувај ги браниците, радијаторот, цревата, резервоарите, на сите пишува година на производство. Ако колата е произведена 2000-та година на пример а гледаш на резервоарот за течност за прскање пишува 2005-та значи било млатнато возилото. Гледај го тонот и текстурата на војата на вратите, крилата, браниците за неконзистентности и слично.

Иначе во возило од 2000 евра (две иљади) очекувај дека ќе треба да менуваш делови. Да е возило од 4000-5000 евра поинаку би размислувал, ама 2000 евра стварно треба да си спремен на се. Сет ламела/поттисна, дихтунг на мотор, водна пумпа, клинест и ребрест каиш, центрирање предница, гуми, клима, електроника, све тоа е дотрајано и би требало да очекуваш дека ќе треба да го средиш. Затоа ти велам, гледај ја општата состојба, немој да се ориентираш само по поминатите километри. Барај сервисна историја, прочитај ја, види дали има нелогичности. И запамти дека деловите за ранцуските возила не се поскапи од останатите. протсто е, појди во продавница и види, ебаго.

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #7 на: 15 Септември 2016, 20:04:26 pm »
Јас лично продадов корса Ц 1.2 бензинец од 2007 година за 2000 еври во 2014 година, со 40.000 км. Колата според мене ни толку не вредеше, клима дефект со дупнат хладњак и компресор што блокира, пропушташе вода од пумпа за глицерин од секој дожд внатре во кабината.
Ја свртев на лева страна и цела страна ја фарбаа. Кога ја истумбав се отвори и капакот на резервар и бензинот го нагриза лепакот на тапацирот на кров, па како резултат освен мирисот се испоодлепија скоро сите тапацири. Уље мењав ако имав вишок паричка, на секоја промена уљето чуреше. Освен масло ништо не беше пипнато на колата во поглед на сервис и одржување. Колата ја составуваа во „ТИМ 2000“ преку осигурителниве таму ме пратија, и не дека ја склопија лошо, туку запуштена и демолирана кола неможе да се врати во состојба како нова. Гумичките ги возев фабричките континенталки со кои и ја купив колата

Иако на купецот му појаснив што купува, тој беше попален по зделката дека на дијагностика му се појави истата километража како на шал таблата.  Се полета човекот по цената и километражата, а за таа цена мојата беше најлошата не само корса туку и кола на пазарот. Ич не чувана и одржувана. Мојов пример земи го во смисла да не се леташ по километрите туку по вкупната слика на возилото па на крај километрите.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #8 на: 15 Септември 2016, 20:32:44 pm »
Оди изброј му пари на човеков и вози средена кола без давачки. :)

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19105.15.html

Отсутен saserossonero

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 23
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #9 на: 16 Септември 2016, 07:13:48 am »
Hahah... abre si ja doteral corsata do otpad :D :D ..... neka mu e so srekja na toj sto ja zel :)

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Совет при избор на прв автомобил
« Одговори #10 на: 16 Септември 2016, 12:31:22 pm »
За почетник и со тај буџет како што кажа џонтра подобро бензин мала, клио, пунто, поло, и сл. Убаво ти објасни човекот на кои делови да пазеш, но како и да е купуваш кола на старо, така да можеби(неизбежно е) ке треба да се менат некои делови, дали покасно или порано, затоа јас би ти препорачал да си земеш постар модел од моделите што ти ги набројав, деловите не се скапи и се достапни.