Не се замарај премногу со деловите ти велам. Гледај да е возилото генерално во добра кондиција, да е предницата здрава и задниот трап. Исто гледај околу моторот, ако е гланц чисто тогаш е сумјиво, сигурно е перен а е перен заради течење на масло, иначе нема никаквапотреба мотор да се пере.
Гледај каков е воланот на пример, сумјиво е да видиш нов волан во старо возило, значи било лупнато и смениле волан сосе airbag. Ако имаш време исто така погледнувај ги браниците, радијаторот, цревата, резервоарите, на сите пишува година на производство. Ако колата е произведена 2000-та година на пример а гледаш на резервоарот за течност за прскање пишува 2005-та значи било млатнато возилото. Гледај го тонот и текстурата на војата на вратите, крилата, браниците за неконзистентности и слично.
Иначе во возило од 2000 евра (две иљади) очекувај дека ќе треба да менуваш делови. Да е возило од 4000-5000 евра поинаку би размислувал, ама 2000 евра стварно треба да си спремен на се. Сет ламела/поттисна, дихтунг на мотор, водна пумпа, клинест и ребрест каиш, центрирање предница, гуми, клима, електроника, све тоа е дотрајано и би требало да очекуваш дека ќе треба да го средиш. Затоа ти велам, гледај ја општата состојба, немој да се ориентираш само по поминатите километри. Барај сервисна историја, прочитај ја, види дали има нелогичности. И запамти дека деловите за ранцуските возила не се поскапи од останатите. протсто е, појди во продавница и види, ебаго.