Автор Тема: Citroen C2 1.1  (Прочитано 23640 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #60 на: 18 Ноември 2016, 07:36:50 am »
Лапни мотор/мењач од хаварисаната, освен ако не се тие дефектот.

Ако веќе мењам мотор и менувач, ќе ја сменам цела кола за ВТС. Оваа што ја најдов е зарибана, незнам што и се случило. Од надвор е коска.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #61 на: 29 Ноември 2016, 14:47:18 pm »
На 101.400км сменето: ламела, потисна плоча, друк лагер, масло во менувач, виљушка на менувач. Цел зафат изведен во официјалниот сервис за Цитроен, Автонова во Скопје.

Откако вчера го превзедов возилото од сервис, после 2км поминати се откачи зглобот од полуосовината на предно лево тркало. Возилото остана неподвижно. Ова се случи на паркинг, на тргнување. Веднаш се јавив во Автонова за да им рекламирам за настанатата ситуација. Дечките дојдоа на лице место за 15 минути, пробаа да го оспособат возилото за да го однесат до сервис, но обидот беше безуспешен. После 1 час дојдоа со шлеп служба го земаа возилото во сервис, денес ми се јавија да си го земам возилото со заменета полуосовина и отстранет дефект. Причината за дефектот со полуосовината не успеав да ја дознаам, претпоставувам дека е дотраеност на зглобот и сетот лежишта кои што се наоѓаат после зглобот и веројатно невнимание при монтажа ама не сум 100% сигурен. Како и да е проблемите се целосно отстранети.

Веднаш по превземањето му направив хард тест на возилото, до средно Водно и назад, па го извадив на заобиколница и му дадов зорт за сите пари. Функционира беспрекорно.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #62 на: 29 Ноември 2016, 15:00:53 pm »
На 101.400км сменето: ламела, потисна плоча, друк лагер

Ууу јеботе и јас сменив истото на 101.400км хахах.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #63 на: 29 Ноември 2016, 16:14:33 pm »
Тоа се дешава кога возиш како ретардирана баба да извадиш потрошувачка од 2,7л/100км...Оти кај мене на 5-6 стартови од 0-200+ смрди ламелата ама никако да откажи? :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #64 на: 29 Ноември 2016, 16:21:17 pm »
Тоа се дешава кога возиш како ретардирана баба да извадиш потрошувачка од 2,7л/100км...:D

Еден збор Мече: Сивоња ;D

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5505
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #65 на: 29 Ноември 2016, 18:22:29 pm »
Za kvarot so zglobot ti naplatija?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #66 на: 15 Февруари 2017, 23:42:58 pm »
Денес сменет држач на преден лев амортизер.

Сега нема никакво тропкање од повозје и суспензија.

Проверени се амортизерите, има уште возење во нив, не е неопходно да се менуваат барем уште 10-15к километри.

Следно е редовен сервис, летни пневматици со нови бандажи и можеби VTS бодикит кој што иде како фабричка понуда. 

Возилото си ја врши работата за кое е наменето и повеќе од што очекував.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #67 на: 18 Февруари 2017, 14:08:18 pm »
Купени летни гуми Hankook Ventus Prime 2 во димензија 185/55/15 и монтирани на лениот сет бандажи.

Гумите ме чинеа 15600 денари.

Доста му беше на зимскиот сетап.






Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #68 на: 18 Февруари 2017, 14:22:43 pm »
Бандажите се прекрасни!

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #69 на: 07 Март 2017, 16:34:11 pm »
На 104.500 променети задни амортизери, и направен редовен сервис, заменето масло, филтри и проверка на подвозје.

Десниот заден амортизер почна да се лигави пред повеќе од една недела и нагло испушти душа. Сменети двата задни у пакет.

Завршено во Цитроен Автонова.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #70 на: 07 Август 2017, 17:12:15 pm »
Во саботата на 108.000 километри монтирани се седишта од Цитроен Ц2 ВТР.

Ги начекав на пазар 3 од истумбана Ц2 ВТР и ги пазарив.

Седиштата беа убаво испрани и исчистени со помош на Кархер екстрактор и монтирани во возилото.

Сега амбиентот во возилото е сменет, возењето е далеку поудобно.

Можеби ќе им ставам навлаки, а можеби не. Ќе видиме.






Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #71 на: 07 Август 2017, 17:16:49 pm »
Секако дека нема да ом ставиш навлаки, нема никаква потреба. :)
Одличен апгрејд, за мерак!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #72 на: 07 Август 2017, 17:31:37 pm »
За мерак! И ја не би ставал навлаки. :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #73 на: 25 Декември 2017, 18:04:17 pm »
Колата ме служи беспрекорно. Освен редовен сервис за масло и филтри немам никакви дополнителни вложувања.

Предниот лев лагер знае да бучне спорадично, ќе треба да го менувам. Најверојатно двата предни ќе ги менувам за да не ги мислам подолг период.

Сменети се нови брисачи Praxis Air 10 и тоа е тоа.

Сменети летни со зимски гуми во Октомври.

Не очекував дека толку ќе ми влезе под кожа возилово. Фантастично е за низ Скопје низ метежот.

Денес километражникот сврте 111.111км

Еве и сликичка




Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #74 на: 25 Декември 2017, 18:13:29 pm »
Prethodniot gazda uste ne go prezaluva pogotovo zenamu. Vika malecko sekade go zbirase. Mu pokazuvav pred nekoj den sto si srabotil vika alal da mu e  :)