Автор Тема: Citroen C2 1.1  (Прочитано 23879 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #30 на: 26 Јули 2016, 22:43:11 pm »
na zlate mu ja polirav bez pari posto takov covek retko se naogja ........sampion


Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #31 на: 26 Јули 2016, 23:01:31 pm »
Дополнително термостатот беше заглавен на затворено, моторот качувал температура и дихтунгот изгорел.

Чудно кола со 95 000км да изгори 2 дихтунга. Па нема ли некоја сијаличка да светне, да свири нешто кога ќе качи температура колата?

Како и да е, со здравје да се вози колата ако е среден проблемот :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #32 на: 26 Јули 2016, 23:25:25 pm »
Дополнително термостатот беше заглавен на затворено, моторот качувал температура и дихтунгот изгорел.

Чудно кола со 95 000км да изгори 2 дихтунга. Па нема ли некоја сијаличка да светне, да свири нешто кога ќе качи температура колата?

Како и да е, со здравје да се вози колата ако е среден проблемот :)

Сигурно имало, ама сервисирана е кај локални мајсторчиња, и сигурно тие проблемот го решавале со гасење сијаличка, бришње ерори и дотурање антифриз.

Претпоставувам дека термостатот бил заглавен цела зима, и не дошло во ситуација да загрее доволно за да го оштети моторот посериозно. Колата е возена на релација Лисиче-Макстил (железара). При првото губење на антифриз, кога моторот загреал доволно и нивото на антифриз било доволно ниско, го смениле дихтунгот, но не и термостатот. Новиот дихтунг незнам каков бил, но во Автонова ми покажаа дека не бил соодветен затоа што отворите од дихтунгот кои што идат врз каналите каде што циркулира антифризот беа поголеми отколку што треба и дополнително бил душмански престегнат до прецвикување. Последица на тоа е често прелевање на издувни гасови од цилиндерот во системот за ладење, заради тоа што дихтунгот повторно беше прснат помеѓу вториот и третиот цилиндер и тоа доведе до појава на тенок маслен слој во експанзиониот сад за антифриз.
Стариот сопственик незнам дали бил свесен што се случува, ама мајсторот што ја сервисирал претходно колата бил цреп невиден. Сопственикот си доотурал антифриз, вода и си терал.

Откако го отворија моторот ја проверија главата на моторот дали е искривена, за среќа не беше, симнаа превентивно површински слој за да легне подобро новиот дихтунг и да нема микро нерамнини. Сите штрафови на главата се сменети, затоа што старите беа престегнати и речиси уништени. Новиот дихтунг е оргинален ОЕМ од Цитроен.

Претходно сменет беше цел термостат, и сега колата спие.

После 3000 километри, антифризот е во нормала, ни трага од масло во него, масло не троши воопшто, системот за ладење е измиен целосно и функционира одлично.

Кратко кажано, си барала грижа колата, ама не ја добила.
« Последно менување: 26 Јули 2016, 23:40:09 pm zlatkoa »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #33 на: 27 Јули 2016, 13:36:18 pm »
Да знаев дека толку работа ти се отворило, ќе ти ја продадев 147 нит третина работи немаше да направиш .... а за тие што ќе ги направеше барем ќе си речеше, јбг Алфа е ;D ;D ;D

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #34 на: 27 Јули 2016, 15:15:52 pm »
na zlate mu ja polirav bez pari posto takov covek retko se naogja ........sampion
Инаку за смртници како мене колку ке чини полирање на шајбна ? :)
>>>>><<<<<

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #35 на: 28 Јули 2016, 23:51:57 pm »
Бомбона. Какво беше, а какво е сега... Небо и земја! Со здравје возење уште еднаш.

Фала друже. Сега дури видов дека си ми пишал. Морам јавно да се заблагодарам за советите што ми ги даде пред да го купам возилово.
Таман работа... Се надевам дека колку - толку помогнав.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #36 на: 19 Септември 2016, 12:40:44 pm »
Викендов на 17.09.2016 си кркнавме навлаки на седишта.

Монтирани и изработени од Еуро Стил. 4100 денари комплет.









Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #37 на: 19 Септември 2016, 12:42:37 pm »
Тоа е тоа.

Иначе скапо бе брат за це двојчево  :o Качиле цени или избра од најквалитетниот материјал?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #38 на: 19 Септември 2016, 12:43:19 pm »
Тоа е тоа.

Иначе скапо бе брат за це двојчево  :o Качиле цени или избра од најквалитетниот материјал?

Гледав да одберам материјал како што треба и дезен што е добар. Цената е таа.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #39 на: 19 Септември 2016, 13:05:23 pm »
najskapiot i najubaviot materjal  odlicno ispadnalo

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #40 на: 03 Октомври 2016, 19:42:37 pm »
Купени пред некое време. Беа на третман кај Дарио.
Момакот е профи скроз. Ги направи ФАБРИКА.

Останува да си набавам гуми и да си ги возам во брзо време.

Штом ги монтирам на кола ќе следат повеќе слики.




Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #41 на: 03 Октомври 2016, 19:45:48 pm »
Auf auf kako ke legnat mmmmmmm

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #42 на: 03 Октомври 2016, 21:28:47 pm »
Знаеш дека ми ги украде бандаживе? :) Ако решиш да ги шиткаш, прво кај мене во ПП прати понуда.

Со здравје да се тркалаат!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #43 на: 03 Октомври 2016, 21:44:03 pm »
Прекрасно. Ако некогаш дојде ред да ги мењам моите, ова би било и мојот избор. :)

Sent from my 6055P using Tapatalk


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #44 на: 03 Октомври 2016, 21:52:29 pm »
Знаеш дека ми ги украде бандаживе? :) Ако решиш да ги шиткаш, прво кај мене во ПП прати понуда.

Со здравје да се тркалаат!

Ги меркав долго време на пазар3, и успеав да ги земам за одлична цена.

Првичната цена беше многу висока ама од мај беа огласени, до крајот на септември цената им падна до ниво кое ми беше прифатливо.