Автор Тема: Citroen C2 1.1  (Прочитано 23645 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Citroen C2 1.1
« на: 25 Јули 2016, 15:06:12 pm »
Го имам веќе 2 месеци, ама не дошло ред да го паркирам во гаража.

Мало, споро, тивко, таман за низ град. Купено е исклучиво да ме носи од работа до дома и ништо повеќе.

Од дополнителна опрема може да издвојам АБС, Клима, Електрика на прозорци и уште некои ситни работи кои што не би ги вброил во опрема.

Го земав од прв сопственик од Скопје со 94000 км. Колата беше релативно запуштена кога ја земав, претходниот сопственик не се замарал воошто околу одржувањето.
Во кабина беше прилично валкана, но сочувана без никакви оштетувања. Веднаш ја пуштив на кај Даме на средување и ја направи стакло. Голема благодарност до Даме.

Подвозјето беше солидно, сменет е десен стабилизатор, и доби нови летни гуми. На крај пројде на центрирање подвозје кај Тихо.

Каросерија. Десниот праг беше чукнат на тротоар и свиткан. Поправено и префарбано во Автомакедонија.

Мотор. Сменето:
- филтер за бензин
- филтер за полен
- филтер за масло
- дихтунг на капак
- дихтунг на глава
- термостат
- свеќици
- гумички на вентили
- семеринг на брегаста
- ребраст каиш
- водна пумпа
- клинаст каиш
- филтер за воздух
- масло во мотор
- дополна фреон во клима

Сите сервисни активности завршени во Автонова. Ми дадоа одличен попуст на целата услуга, делови и работна рака, и не ми се исплатеше да идам по други мајстори.

Сега возилото е средено и е во топ кондиција. Спие. Се што беше запустено од првиот сопственик е заменето и средено, по мој ќеиф.

Прозорите ги затемнив кај Аце со 50% провидна фолија.

Во Дог Секјурити си доби комплетно ново озвучување и радио.

Цела кабина е дампирана - изолирана со армафлекс (сивиот самолеплив материјал од Клима Комерц). Целиот процес го направив сам.

Исто така планирам да ги сменам сегашните седишта комплетно со подобри и понови од друг Цитроен Ц2, истите веќе ги имам набавено и чекаат монтажа.

Други инвестиции освен потрошен материјал, мислам дека во догледно време ќе нема.


















Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #1 на: 25 Јули 2016, 17:02:30 pm »
Бомбона. Какво беше, а какво е сега... Небо и земја! Со здравје возење уште еднаш.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #2 на: 25 Јули 2016, 17:24:01 pm »
Зашто менуваше дихтунг на глава?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Citroen C2 1.1
« Одговори #3 на: 25 Јули 2016, 17:44:05 pm »
Зашто менуваше дихтунг на глава?
Имаше малку масло во антифризот и го трошеше бргу антифризот.

Претходниот газда сменил дихтунг, ама тој беше изгорен бидејќи бил некој кинески или со лош квалитет.

Дополнително термостатот беше заглавен на затворено, моторот качувал температура и дихтунгот изгорел.

Откако сменив дихтунг и термостат, проблемот се реши целосно.

Додуша капе антифриз од едно цревце ама ќе го средам и тоа. Најверојатно превртена е стегата.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #4 на: 25 Јули 2016, 17:57:00 pm »
Создравје да се вози :D

Чек од кај ми е познато ова?!

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #5 на: 25 Јули 2016, 18:00:40 pm »
Создравје да се вози :D

Чек од кај ми е познато ова?!

Незнам. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #6 на: 25 Јули 2016, 18:08:09 pm »
Нема врска. Уште еднаш создравје да си го возиш.

Многу безгрижни километри! ;)


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #7 на: 25 Јули 2016, 18:40:58 pm »
Зашто менуваше дихтунг на глава?
Имаше малку масло во антифризот и го трошеше бргу антифризот.

Претходниот газда сменил дихтунг, ама тој беше изгорен бидејќи бил некој кинески или со лош квалитет.

Дополнително термостатот беше заглавен на затворено, моторот качувал температура и дихтунгот изгорел.

Откако сменив дихтунг и термостат, проблемот се реши целосно.

Додуша капе антифриз од едно цревце ама ќе го средам и тоа. Најверојатно превртена е стегата.
Така е кога газдата го боли ку*от за колата. Битно сега ја среди и можеш да си уживаш во возењето.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #8 на: 25 Јули 2016, 18:55:26 pm »
Со здравје да го тераш, тенеќија ама симпатично си е ;D Си го дуздисал си го намазнил браос. А со фиестата шо бидна? Или одмара она?

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #9 на: 25 Јули 2016, 19:14:47 pm »
so zdravje da se vozi uste ednas i fala za pofalbite

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #10 на: 25 Јули 2016, 19:24:27 pm »
Со здравје да го тераш, тенеќија ама симпатично си е ;D Си го дуздисал си го намазнил браос. А со фиестата шо бидна? Или одмара она?
Тука си е Фиестата. Сопругата ја вози.

Ова ми е за до натаму наваму низ Скопје и до работа. Толку.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #11 на: 25 Јули 2016, 19:25:57 pm »
Фала ви на сите. Поубава сигурно ќе си купите :) :) :)

Даме друже, откако ја среди ти ми се отворија чакри за средување под хауба :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #12 на: 25 Јули 2016, 19:34:28 pm »
Ova na zoki neli bese ???
Deckoto e takov go nosi na servis edna sgodisno i toa e ako mu smenat okej ako ne pak okej.Inace zelezarec i toj ja vozese kolata od doma do rabota i nazad inace miraz od zenamu :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #13 на: 25 Јули 2016, 19:35:36 pm »
Ova na zoki neli bese ???
Deckoto e takov go nosi na servis edna sgodisno i toa e ako mu smenat okej ako ne pak okej.Inace zelezarec i toj ja vozese kolata od doma do rabota i nazad inace miraz od zenamu :)

Да. Тоа е. :)

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Citroen C2 1.1
« Одговори #14 на: 25 Јули 2016, 19:58:20 pm »
која година е?